Стенфордска енциклопедија на филозофијата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стенфордска енциклопедија на филозофијата (англиски: Stanford Encyclopedia of Philosophy или SEP) — слободна семрежна енциклопедија на филозофијата одржувана од Стенфордскиот универзитет од Стенфорд, Калифорнија, САД. Енциклопедијата најпрвин е создадена со државни пари од Националната субвенција за хуманитарни науки (National Endowment for the Humanities, NEH) и Националната научна фондација (National Science Foundation, NSF), но подоцна бил воведен долгорочен план за задржување на слободноста на енциклопедијата кој го поддржуваат многу универзитски библиотеки и библиотечни здруженија. Овие установи дорпинесуваат според планот осмислен од енциклопедијата во соработка со здружението Коалиција за академско издаваштво и извори (Scholarly Publishing and Academic Resources Coalition, SPARC), Меѓународната коалиција на библиотечни здруженија (International Coalition of Library Consortia, ICOLC) и Мрежата на југоисточни библиотеки (Southeastern Library Network, SOLINET), со исто финансирање од NEH. Секоја статија е напишана и одржувана од експерт на тоа поле, како професори од над 65 академски установи ширум светот. Иако е онлајн, енциклопедијата се користи со традиционалниот приод на сите енциклопедии и академски списанија за да постигне квалитет по пат на:

  • стручни автори одбрани од уредници или кои се компетентни (иако не задолжително стручни) на темите во енциклопедијата; и
  • рецензии.

Авторите кои придонесуваат кон енциклопедијата му одобруваат на Стенфордскиот универзитет да ги издава нивните статии, но ги задржуваат авторските права на тие статии.[1]

Енциклопедијата е создадена во 1995 г. од страна на Едвард Н. Залта, со цел за обезбедување на динамична енциклопедија која ќе ажурира редовно, и така нема да може да застари како печатените енциклопедии. Енциклопедијата дозволува конкурентни статии на една иста тема, за да може да ги прикаже различните ставови и несогласувања помеѓу научните работници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]