Стевче Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стевче Јакимовски

Стевче Јакимовски (роден на 27 август 1960 година во село Подржи Коњ, Крива Паланка) е градоначалник на општина Карпош. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година. Бил волонтер, новинар во спортската редакција на Радио Скопје, јануари-јуни 1988 година, потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуни-октомври 1988 година. Потоа, од октомври 1988 година до мај 1990 година бил стручно-политички работник во Претседателството на младина на Југославија. Од 1990 година е приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на Катланово-Турс. Во периодот од 2000 до 2003 година ја извршува функцијата градоначалник на општина Карпош. Од 7 ноември 2003 година ја извршува функцијата министер за економија, по што, во декември 2004 година, доаѓа на местото министер за труд и социјална политика.По завршувањето на мандатот, Јакимовски е претседател на Управниот одбор на Штедилницата „Можности“. Јакимовски поседува одлични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување. Има одлични организаторски способности, лидерство и тимска работа, и е еден од најпознатите македонски колумнисти. Поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.