Стеатопигија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хотентоти — жена и маж (цртеж од 1900). Жената ја покажува својата стеатопигија.

Стеатопигија (старогрчки: στεατοπυγία) — високо ниво на натрупување на маснотија во пределот на задникот и горните делови на бедрата кај човекот. Наталожувањето на маснотиите не е ограничено само на глутеалните регии, туку се протега и од предната страна на бедрата, при што се формира дебел слој кој некогаш се протега до колената.

Ваквиот развој претставува генетска особеност на којсанските народи (Бушманите и Хотентотите) и особено преовладува кај жените на ова племе, а во помал степен се јавува и кај мажите. Во повеќето етнички групи на хомо сапиенсот, женките покажуваат поголема наклонетост кон акумулирање на масното ткиво во регионот на задникот, во споредба со машките. Исто така, се забележуваат и меѓу Пигмејците во Централна Африка и племето Онг на Андаманските Острови. Меѓу припадниците на којсанските народи ова се смета за знак на убавина: тоа започнува уште во раното детство и е целосно развиено во времето на првата бременост. Ваквата појава често е придружена со формација позната како издолжена лабија или срамни усни(срамните усни можат да бидат издолжени и до 10 см надвор од вулвата) и историски е познато како „хотентотска престилка“.

Стеатопигијата била карактеристична за популацијата кој некогаш живеела на просторот од Аденскиот Залив до ’Ртот на Добра Надеж, а племињата на којсанските народи и Пигмејците се нејзини остатоци.

Се претпоставува дека статеопигијата некогаш била многу повеќе распространета. Неолитски фигурини на Венера, кои понекогаш се нарекуваат и “фигури на статеопигиска Венера“ биле откриени од Европа на запад до Сибир на исток. Притоа е прикажана забележлива развиеност на колковите, со специфични продолжетоци на малите срамни усни (labia minora), што ја поткрепува оваа теорија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anitei, Stefan (April 2007). „What is Steatopygia? An ancestral trait“. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на 2009-03-25.