Стад де ла Мосон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стад де ла Мосон
Место Монпелје
Франција
Изграден 1972
Отворен 1997
Сопственик градот Монпелје
Игра Монпелје Монпелје
Гледачи 32.939

Стад де ла Мосон е фудбалски стадион во францускиот град Монпелје. Тој е домашен терен на фудбалскиот клуб Монпелје кој се натпреварува во Лига1. Стадионот бил надоградуван за потребите на Светското фудбалско првенство во Франција 1998. Исто така, стадионот бил користен и за време на Светскиот куп во рагби 2007 година, кој во најголем дел се играл во Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот бил отворен во 1972 и е во сопственост на градот Монпелје. Се наоѓа во западниот дел на градот, во близина на реката Мосон, по која и годобил името. Токму заради близината на реката, стадионот бил поплавен во 2002 и 2003 година[1] кога водата од реката скршнала од коритото. Колку била голема поплавата, докажува податокот кој вели дека дури и соблекувалните на стадионот биле целосно поплавени. Теренот бил уништен, и морал да биде заменет со нов.

1987 година кога клубот домаќин на стадионот ФК Монпелје се пласирал во Лига 1, сместивоста на стадионот била зголемена на 23.500 места. За потребите на Мундијалот 1998 година, сместивоста дополнително била зголемена на 35.500 места.

Општи податоци[уреди | уреди извор]

Адресата на стадионот е Avenue Heidelberg, 34 080 Монпелје. Најголема посетеност стадионот имал на 17 август 2005. Тогаш 31.457 гледачи дошле да го одгледаат натпреварот помеѓу Триколорите и репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Одиграни натпревари на стадионот[уреди | уреди извор]

Светско првенство 1998.[уреди | уреди извор]

Дата Време (ЦЕВ) Тим #1 Резултат Тим #2 Рунда Публика
10 јуни 1998 21:00  Мароко 2 – 2  Норвешка Група А 29,800
12 јуни 1998 14:30  Парагвај 0 – 0  Бугарија Група Д 27,650
17 јуни 1998 21:00  Италија 3 – 0  Камерун Група Б 29,800
22 јуни 1998 17:30  Колумбија 1 – 0  Тунис Група Г 29,800
25 јуни 1998 21:00  Германија 2 – 0  Иран Група Ф 29,800
29 јуни 1998 16:30  Германија 2 – 1  Мексико Осминафинале 29,800

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]