Стад Шабан-Делма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стад Шабан-Делма
Panorama Chaban-Delmas.jpg
Место Бордо
Франција
Изграден 1930
Отворен 12 јуни 1938
Затворен 2015
Сопственик
Играат/ле ФК Бордо
Гледачи 34.694

Стад Шабан-Делма е спортски стадион во градот Бордо, Франција. Тој е официјалниот стадион на клубот ФК Бордо.

До 2001 г. стадионот го носел името „Стад дју Парк Лескјур“, кога бил преименуван по познатиот политичар Жак Шабан-Делма, кој е бил градоначалник на Бордо од 1947 до 1995 година.

Првично стадионот бил изграден во 1930 година како велосипедска патека, но во 1935 тој бил реконструиран, за да биде дел од организацијата на Светското првенство во 1938 година. Тоа бил првиот стадион во светот со трибини, кој биле целосно покриени без столбови, кој би пречеле на видливоста кон играчкото поле.

Моменталниот капацитет на стадионот е 34.694 седечки места, а за последен пат бил реновиран во 1998 година за потребите на Мундијалот 1998. Рекордната посетеност на стадионот била забележана на 24 април 1985, кога натпреварот меѓу Бордо и Јувентус го следеле 40 211 гледачи.

Тунелот, кој ги поврзува соблекувалните на играчите со теренот, е најдолгиот во Европа - долг е близу 120 метри.

На 19 јули 2011 клубот ги објавува својте планови за изградба на нов стадион. Капацитетот би требало да му биде 43 000 седечки места, а изградбата би требало да започне по крајот на сезоната 2011-12. Рушењето на Стад Шабан-Делма би требало да се случи 2015 година.

Надворешни врски[уреди]