Стадион Никола Мантов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стадион “Никола Мантов“
Поглед кон источната трибина
Поглед кон источната трибина
Место Кочани, Македонија
Отворен
Затворен отворен
Сопственик Општина Кочани
Оператор ФК Осогово
Подлога трева
Играат/ле ФК Осогово, ФК Кочани
Гледачи 5.000


Стадионот Никола Мантов е фудбалски стадион во Кочани со капацитет од 5.000 гледачи. На него играат екипите на ФК “Осогово“ и ФК “Кочани“.

Општи податоци[уреди]

Стадионот е лоциран во јужниот дел на Кочани, има две иградени трибини: источна со 2.750 места за седење (во употреба од 1980 г.) и западна со 1.600 места за седење. Од 1994 г.околу една третина од западната трибина е покриена.

Во подтрибинскиот простор на источната трибина е сместен ресторан со капацитет од 340 места, во чиј состав работи и мотел со 22 двокреветни соби. Во склоп на западната трибина се клубски простории, соблекувални, бањи, канцеларии, сала за состаноци, прес сала, сала за стрелиште и други помошни простории. Во продолжение на главниот терен за игра, на јужната страна, се протега и помошен терен за тренинзи.

Име на стадионот[уреди]

Во 1973 год. ФК “Осогово“ играл во тогашната Македонска републичка лига (трето ниво на натпреварување во поранешна Југославија). Таа сезона, во рамките на 34-то коло, на 1. јули 1973 г., “осоговци“ биле домаќини на средбата со ФК “ФАС 11 Октомври“ од Скопје.

Поглед кон западната трибина

Во 10-та минута од првото полувреме, при резултат 1:0 за домаќините, како последица од срцев удар, на теренот како покосен паднал 23-годишниот фудбалер на “Осогово“, Никола Мантов. Младиот играч, студент на втора година на Машинскиот факултет во Битола, веднаш бил префрлен во болницата во Кочани, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Главниот судија Ратко Ѓорѓиоски од Прилеп веднаш го прекинал натпреварот, а присутните 2.000 гледачи по соопштувањето на жалната вест, со насолзени очи го напуштиле стадионот.

Во својата кратка фудбалска кариера Мантов одиграл 59 првенствени и уште толку куп натпревари, играјќи на позициите лев бек и лево крило. Постигнал повеќе голови, а за целиот период на активно играње фудбал добил само еден жолт картон.[1]

Во знак на сеќавање на овој играч, стадионот го добива неговото име и тоа е единствениот стадион во Македонија кој воопшто носи име на еден фудбалер.

Наводи[уреди]

  1. “80 години фудбал во Кочани“, м-р Методиј Хаџипаунов, 2005 г.