Срцев циклус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Срцевите настани се случуваат во срцевиот циклус. Два комплетни циклуси се илустрирани.

Работата на срцето претставува основен извор на енергија потребна за движење на крвта низ крвните садови.

Срцевата работа се одвива циклично. Секој циклус се сосотои од три фази:
  • систола или фаза на контракција- стегање;
  • дијастола или фаза на деконтракција- олабавување на срцевиот мускул;
  • срцева пауза.

Срцев циклус или срцева револуција[уреди | уреди извор]

Контракцијата на срцевиот мускул се одвива наизменично. Прво се контрахираат преткоморите, а потоа коморите. После секоја контракција (систола-на латински systole) следи деконтракција (дијастола- на латински diastole) на срцевиот мускул. Срцевата пауза претставува онојдел од срцевиот циклус кога преткоморната и коморната мускулатура едновремено се наоѓаат во фаза на деконтракција или мирување. Временски тоа трае од моментот на завршување на контракцијата на коморите, па до моментот кога почнува контракцијата на преткоморите. Всушност, срцевата пауза наполно ја опфаќа деконтракцијата на коморите и дел од деконтракцијата на преткоморите. При срцева честота од 75 отчукувања во минута времетраењето на еден циклус изнесува 0.8 секунди. При вакви услови контракцијата на преткоморите трае 0.1 секунда; деконтракцијата на преткоморите 0.7 секунди; контракцијата на коморите 0.3 секунди; деконтракцијата на коморите 0.5 секунди; и срцевата пауза 0.4 секунди.

АВ вентили* Полумесечести вентили Статусот на коморите и преткоморите
1. рана деконтракција/заедничка деконтракција
отворени
затворени
• целото срце е релаксирано

• коморите се прошируваат и пополнуваат (пасивно полнење, околу 80% од волуменот)

2. преткоморна контракција
отворени
затворени
• преткоморите се контрахирани и пумпаат крв

• дополнителни 10-40% пополнување на коморите поради активна контракција на преткоморите

3. изоволуменска вентикуларна контракција
затворени
затворени
• вентикуларните миоцити (мускулни клетки) почнуваат да се контрахираат

• волуменот на коморите останува непроменет

4. вентикуларна ејекција
затворени
отворени
• коморите се целосно контрахирани

• пумпа крв кон остатокот од телото

5. Изоволуменска релаксација на коморите
затворени
затворени
• коморите се релаксираат

• Волуменот на коморите останува непроменет
• преткоморите се прошируваат и се полнат

* АВ (атриовентикуларни) вентили:
1) митрална валвула (бискупидален вентил)-помеѓу левата преткомора и левата комора
2) трискупидната валвула (десен атриовентикуларен вентил)- помеѓу десната преткомора и десната комора

Полумесечести вентили:

1) аортен вентил-помеѓу левата комора и аортата
2) пулмонален вентил-помеѓу десната комора и пулмонарната артерија
Преткоморна контракција

Честота на срцевата работа[уреди | уреди извор]

Во услови на мирување честотата на срцевата работа варира во широки граници (60-80 удари во минута). Како просечна вредност во срцевата честота се зема честотата од 75 удари во една минута. Врз неа влијаат повеќе фактори. Еден од факторите е возраста. Кај новородените срцевата честота изнесува околу 140 во една минута. Децата на возраст од 1-2 години имаат честота од 110 во една минута, а оние со возраст од 7-8 години, 85 во една минута. Кај луѓе над 50 срцевата честота повторно се зголемува. -При спиењето бројот на срцевите отлукувања се намалаува над 50-60 во една минута.

Контракција на коморите

Срцевата честота зависи и од положбата на телото. Во стоечка положба честотата е поголема во споредба со седната и легната положба. Таа зависи и од фазата на респираторниот циклус. Во фазата на вдишување честотата е зачестена, а во фазата на издишување забавена. Емоционалната состојба на организмот, исто така, влијае врз срцевата честота. Во услови на релативно мирување бројот на срцевите контракции се менува во тек на денот. Тоа се таканаречени дневни варијации на срцевата честота. Највисоки вредности се забележуваат меѓу 8 и 11:30 часот, најниските се околу 2 часот. Навечер, меѓу 18 и 20 часот повторно се забележува забрзување на срцевата работа. Во тек на спиењето тие се 20% помали од просечната дневна вредност.

Срцева дијастола

Кај жените срцевата честота е нешто повисока во споредба со машките што се смета за нормална полова разлика. Кај луѓето што тренираат работата на срцето е позабавена воспоредба со оние што не тренираат. Во патолошки состојби срцевата честота може д абиде над и под физиолошките граници. Кога срцевата честота е под 60 удари во една минута говориме за брадикардија, а кога ги надминува вредностите од 80-90 во минута говориме за тахикардија.