Српска Православна Црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Српска Православна Црква
Srpska pravoslavna crkva
Cathedral of Saint Sava, Belgrade.jpg
Катедралата Свети Сава во Белград
Основач Свети Сава
Независност 1219 како архиепископија, 1346 како патријаршија.
Признавање 1219 од Вселенската патријаршија
Поглавар Архиепископ пеќски, митрополит белградско-карловечки и патријарх српски Иринеј
Седиште Белград, Србија
Територија  Србија
 Црна Гора
 Босна и Херцеговина
 Хрватска
 Унгарија
Власт Flag of the United States.svg САД
 Канада
 Европска Унија
Австралија Австралија
Јазик српски и црковнословенски јазик
Верници 7–11 милиони[1][2]
Портал www.spc.rs

Српска Православна Црква или скратено СПЦ (српски: Srpska pravoslavna crkva) е автокефална црква која се наоѓа на шестото место во православниот свет, веднаш по Цариград, Александрија, Антиохија, Ерусалим и Русија.

Денеска, Српската Православна црква е доминантна на територијата на Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина, со повеќе од 84% од населението на трите земји. Нејзините метрополии и епархии се наоѓат и надвор од земјата, односно во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како и во целиот свет.

Моментален патријарх на црквата е Иринеј.

Историја[уреди]

Српска делегација кај Василиј I
Споменик на Свети Кирил и Методиј во Белград

Почеток[уреди]

Србите христијанството го примиле доста бавно. Кон крајот на 8 век завршила борбата помеѓу христијанството и паганството. Во почетокот христијанството во Србија било под јуросдикција на Охридската Православна црква. Растко Немањиќ односно Свети Сава во 1219 година успеал да ја организира првата српска црква, позната како Пеќската архиепископија, а подоцна патријаршија. Српскиот владетел Стефан Душан успеал да го подигне угледот на црквата, и да ги прошири нејзините граници, станувајќи патријаршија. Свети Сава бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв архиепископ на српскиот народ.

Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По 1204 година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од Константинопол во Никеја. Свети Сава имал голема мисија во Никеја, чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната Византиска империја, Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.

Наследниците на Свети Сава, со подршка на династијата на кралот Немањиќ во 1346 ја создале Печката патријаршија. Со зголемувањето на улогата на српската држава, истоивремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на Србите и Грците, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх. Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх. Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот. Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се софпаѓале со оние на земјата. Според ова, Вселенската патријаршија имала ipso facto јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од Византија, а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај Бугарската држава.

Прогласување на српскиот патријарх[уреди]

На државниот собор во Скопје, во 1346 година, дотогашниот печки архиепископ Јаниќиј II свечено бил прогласен за српски патријарх. На тој собор биле присутни сите архиепископи, митрополити, епископи, игумени и други претставници на црквата. Како гост присуствувал и бугарскиот трновски патријарх Симеон со своите епископи и свештеници. На овој собор било решено некои угледни епископии да добијат ранг на митрополија. Од друга страна пак, Охридската архиепископија, бидејќи влегла во составот на Српското царство, и понатаму останала автокефална. Нејзиниот архиепископ морал да го признае првенството на Печката патријаршија. Грчките епархии пак, кои претходно биле под надлежност на Константинопол, исто така биле вклучени под власта на Печката патријаршија, вклучувајќи ја и Света Гора. По седум дена од прогласувањето на патријаршијата, на 16 април 1346 година, бугарскиот патријарх Симеон, со новиот печки патријарх Јаниќиј и охридскиот архиепископ Николај I, го крунисале Душан за цар на Србите и Грците.

Реорганизација и пад[уреди]

Во следните години српската црква доживеала огромна реорганизација, каде биле основани неколку нови епархии, и биле изградени неколку манастирски комплекси. Во 1349 година, во Скопје бил направен т.н. Душанов законик, кој дополнително ја наложил потчинетоста на епархиите на Печката патријаршија. Според законот, главата на Печката патријаршија бил избиран од страна на државен собор, кој собор го сочинувале членови на црквата и државата. Епископите биле избирани од страна на синодот. Избраниот патријарх бил следбеник на престолот на Света Сава, и се носел со титулата: Патријарх на сите српски и поморски земји. Владетелот на земјата често пати го повикувал на патријархот да учествува во дискусиите при земање на важни решенија за земјата.

Во 1354 година починал првиот српски патријарх. На негово место застанал Сава IV. Во негово време започнал процесот на помирување на српската и цариградската црква. Цариградскиот патријарх Калист I, кој имал пуштено проклетство кон српскиот народ, главно поради постојаните закани од страна на Османлиите, во 1364 година отишол во Сер за да побара помош од Србите. Но тој во Сер набргу се разболел и починал. Преговорите на двете цркви било продолжено од страна на деспотот Углеша. Во 1368 гопдина сите епархии во своите области ги одвоил од Печката патријархија и ги повратил под контрола на Константинопол.

Углеша, набргу по ова, заедно со својот брат Волкашин, загинал на битката на Марица во 1371 година. Инвазијата на Османлиите на Балканот продолжила со голем успех. По Маричката битка, сите епархии на Света Гора повторно биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Во меѓувреме, српските калугери на Света Гора се нашле во лоѓа положба. Сепак, во 1374 година, светогорскиот старец Исаија отишол кај кнезот Лазар и побарал подршка од помирување на двете цркви. Лазар очигледно ги разбрал барањата на монахот. Така Исаија бил испратен во Константинопол. Јован Палеолог и Филотеј го примиле, и по разговорите бил донесен мир помеѓу двете цркви.

Призренски акт[уреди]

Свети Сава
Прв архиепископ на Србите

Така, официјалното помирување помеѓу двете цркви било објавено во Призрен во 1375 година. Сепак, по овој акт, авното единство започнало да опаѓа, како и моќта на српската црква. До смртта на патријархот Сава IV, патријархот бил избиран на дрдржавен собор. По неговата смрт било решено да новиот патријарх биде изберен самите архиреи и игумени на сите српски земји без улога на српскиот владетел. Во 1375 година се состаниле во Печката патријаршија, но долго време не можеле да дојдат до договор. Проблемите најмногу биле потикнувани од некои свештеници кои пред се ги гледале своите лични интереси. На крај, сепак било решено да за нов патријарх биде избран Ефрем. Ефрем на чело на патријархијата бил од 1375 до 1382 година.

Косовска битка[уреди]

По Косовската битка во 1389 година, деспотот Стефан Лазаревиќ успеал да најголемиот дел од српските земји ги стави под своја контрола. Патријаршијата од една страна ги изгубила сите свои епархии во јужните делови на земјата и Македонија, кои биле зазедени од страна на Отоманската Империја и кои попаднале под Охридската архиепископија. Деспотот Стефан својата престолнина ја пренел од Крушевац во Белград. Наследник на Стефан бил Ѓураѓ Бранковиќ, кој во 1427 година Белград го предал на Кралство Унгарија, па тој се населил во Смедерево, а со ова и престолнината на патријаршијата.

Отоманска власт[уреди]

Печката патријаршија во 16 и 17 век

Со пропаѓањето на српската држава настапиле тешки времиња за патријаршијата. Голем број на српски манастири биле напуштени или разрушени. Печката патријаршија била укинета, а повторно обновена во 1557 година.

Во 1459 година Смедерево паднало под власта на Отоманците. Со ова, власта на охридскиот архиепископ се проширила. Во текот на 1530 до 1541 година, смедеревскиот митрополит постојано се обидувал да ја обнови Печката патријаршија. Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година. Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на три пати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ.

Во времето кога Османлиите конечно ги освоиле сите територии на Печката патријаршија, голем број на христијански објекти биле претворени во џамии, или пак биле рушени. Од каменот кој го добивале од рушењето на црквите биле градени различни мостови, сараи и слично, за потребите на новите владетели.

Според законот, Османлиите ја признавале слободата на вероисповед, но во практика тие настојувале христијанското насление да ја прифати муслиманската религија.

Мехмед паша Соколовиќ[уреди]

Во времето на Мехмед Паша Соколовиќ, потурчен србин од Херцеговина, Печката патријаршија била обновена. Големиот везир на Сулејман Величенствениот успеал да го убеди султанот во тоа. Охридскиот архиепископ немал моќ за да се спротистави на ова. Така, за прв патријарх на обновената Печка патријаршија бил поставен братот или близок роднина на голамиот визер, Макариј Соколовиќ. Печката патријаршија опфаќала најголема територија досега, не само онаа од времето кога била основена, туку и делови од Бугарија (Ќустендил и Самоков), цела Босна и Херцеговина, Далмација, Црна Гора, Славонија, Банат, се до Будимпешта. Охридската архиепископија пак останала со деловите јужно од Тетово, Скопје, Велес, Штип вклучувајќи ги и реоните околу Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци и Струмица.

Патријархот Макариј започнал со уредување на својата патријаршија. Српскиот поглавар бил признаен за врховен лидер не само на реонот на Печката патријаршија, туку и пошироко. градот повторно станал престолнина на новиот патријарх, голем дел од манастирите и црквите биле обновени.

Борба со Османлиите[уреди]

По смртта на Макариј во 1574 година, неговиот наследник започнал постепено да размислува околу можното политичко ослободување од Османлиите. Во следните години низ целата српска земја започнале голем број на бунтови и востанија кои на крај завршувале со пораз за Србите. Често пати, патријарсите стапувале во контакт со римските папи. Но тие преговори со Рим не успевале, најчесто поради тоа што и самата Западна Европа била соочена со сличен проблем. Патријархот Пасиј (1614—1647) започнал да преговара и со православна Русија. До контакт дошол преку скопскиот митрополит Симеон, кој во 1641 година отишол во Москва. Патријархот Гаврил I заминал во Русија на преговори, но подоцна кога се вратил бил уасен и погубен. Најголема улога во ослободувањето на Србите имале патријархот Арсениј III и Арсениј IV.

Грчки патријарси[уреди]

Главно поради овие случувања, Османлиите повеќе ја изгубиле довербата во патријархот, па затоа започнале, според договорот со Цариградската патријаршија, за нови патријарси да поставуваат Грци. Соодветно на ова, и епископите биле Грци. Во следните години за многу мал период биле сменето голерм број на патријарси. Така, во периодот од 1737 до 1766 биле сменети 10 патријарси. Ваквите промени директно влијаеле врз угледот на Печката патријаршија. Од друга страна пак, цариградскиот патријарх ова го користел за свои цели, спремајќи се за укинување на патријаршијата.

Конечно во 1766 година, султанот Мустафа III издал ферман според кој патријаршијата била укинета.

Повторна обнова[уреди]

Од година Српската православна црква повторно се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Со воспоставувањето на српската автономија во 1832 година, во Белград била прогласена автономна митрополија, повторно под контрола на Цариград, а во 1879 година црквата добила автокефалност.

Во текот на Балканските војни, во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската. До 1920 година не постоела единствена црквена организација, и овој период од историјата на српската црква е познат како период на поокраинските цркви. Најзначајна од сите овие покраински цркви била Карловечката митрополија. Со создавањето на Кралство СХС во 1918 година, биле создадени услови за обединување на црквата и обновување на Печката патријаршија. Од 1920 година, седиштето на црквата е во Белград, а црквата има ранг на патријаршија.

Структура[уреди]

Српски светци[уреди]

Храмови и манастири[уреди]

Српската Православна црква поседува голем број на манстири и цркви. Од нив, најпознати се:

Наводи[уреди]