Средношколски мјузикл 3: Сениорска година

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Средношколски мјузикл 3: Сениорска година
High School Musical 3:Senior Year
HighSchoolMusical3.jpg
Режирано од Кени Ортега
Продуцент Бил Борден
Дон Шеин
Сценарист Питер Барсокини
Настапуваат Зак Ефрон
Ванеса Хаџенс
Ешли Тисдејл
Лукас Грабел
Корбин Блу
Музика Дејвид Лоренс
Дистрибутер Disney Channel
Премиера 24 октомври 2008
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $13,3.000.00
Претходен Средношколски мјузикл 2 (2007)

Средношколски мјузикл 3: Сениорска година (англиски: High School Musical 3: Senior Year) е третото продолжение од серијалот Средношколски Мјузикл на Disney. Премиерно во САД се прикажуваше на 24 октомври 2008 год. Кени Ортега се враќа како режисер и кореограф, исто и шестте главни актери.

Во ова продолжение, двата протагониста, Трој и Габриела се соочуваат со фактот дека ќе се разделат на крајот на годината и кога ќе треба да одат на различни факултети. Трој и Габриела заедно со останатите јунаци се соочуваат со сите нивни стравови, надежи и планови за нивната иднина.

Во првите три дена, Средношколски мјузикл 3: Сениорска година доби 42 милиони долари во Средна Америка и додатни 40 милиони на другите места, што го преминува рекордот за најголем викенд на прикажување мјузикл.[1]

Синопсис[уреди]

Филмот започнува за време на натпреварот меѓу Wildcats и West High Knights, каде капитенот на тимот Трој (Зек Ефрон), го потикнува тимот и го буди нивниот натпреварувачки дух (Now or Never) и ги води до победа. Подоцна, на забавата кај Трој по мечот, Трој и Габриела (Ванеса Хадџенс) си размислуваат за нивната иднина и посакуваат да последните неколку месеци што им преостануваат во East High да не завршат толку бргу (Right Here, Right Now). Во меѓувреме, Шарпеј (Ашли Тисдејл) ја запознава Тиара Голд (Џема МекКензи Браун), британска ученичка на замена која таа ја „вработува“ како нејзина асистентка.

Професорката по драма г-ѓа. Дарбус (Алисон Рид) забележува дека бидејќи има многу малку пријавени за пролетниот мјузикл, Шарпеј може да изведе соло шоу. Ова ја вознемирува Келси (Олесиа Рулин), која го пишува шоуто и веднаш ги пријавува сите останати ученици од одделението. Ова се резултира кај г-ѓа. Дарбус да реши да направи шоу за нивните последни поминати месеци во East High. За време на аудицијата открива дека Шарпеј, Рајан (Лукас Габрел), Келси и Трој размислуваат за стипендија на Julliard, но само еден од нив ќе биде одбран. Шарпеј станува очајна да ја добие стипендијата и знаејќи дека Келси ќе им ги даде најдобрите песни за мјузиклот на Трој и Габриела, таа го тера на Рајан да се спријатели со Келси и да ја земе песната (I Want It All).

Следниот ден, Габриела и Трој се сретнуваат на покривот и Габриела го учи валцер (Can I Have This Dance). Чед (Корбин Блу) тогаш ја прашува Тејлор (Моник Колман) да оди на матурската со него. Таа всушност го одбива поради неговиот ентузијазам, но подоцна прифаќа кога Чед и докажува дека може да се потруди и да ја покани повторно пред пола училиште. Групата вежба за мјузиклот, сцена поврзана со нивната матурска (A Night to Remember). Меѓувреме, Рајан ја прекинува Келси додека таа композира (Just Wanna Be with You) и ја пее песната заедно со неа, а потоа и ја поканува на матурската. Додека Трој и Чед размислуваат за нивното детство (The Boys Are Back), Шарпеј и Тиара дознаваат дека е можно да Габриела оди на факултет порано. Шарпеј подоцна скришно и злобно му се приближува на Трој и му кажува дека тој е единственото нешто што и стои на патот на Габриела во остварувањето на нејзиниот сон. Трој разговара за ова со Габриела јадејќи пица и откако споделуваат незгоден поздрав, Габриела (Walk Away) заминува за факултет следниот ден.

Татко му на Трој, Џек (Барт Џонсон), зборува со него за неговата иднина. Трој станува лут, збунет и бега и вреска насекаде околу East High (Scream).

Музички нумери[уреди]

Поврзано: Средношколски мјузикл 3: Сениорска година (саундтрак)
Песна Главни изведувачи Останати пејачи Сцена
Now or Never Трој Габриела, Чед, кошаркарски играчи, навивачки и некои Wildcats салата за вежбање во East High
Right Here, Right Now Трој и Габриела Никој Куќичката на дрво на Трој
I Want It All Шарпеј и Рајан Некои од Wildcats Кафитериата во East High
Can I Have This Dance Трој и Габриела Никој Малата градина на кровот на East High
A Night To Remember Трој, Габриела, Шарпеј, Рајан, Чед, Тејлор, Келси, Зик, Марта Некој Wildcats Адиториумот во East High
Just Wanna Be With You Рајан, Келси, Трој, Габриела Никој Училницата по музичко и адиториумот во East High
The Boys Are Back Трој и Чед Никој Отпад на автомобили
Walk Away Габриела Никој Куќата на Габриела
Scream Трој Никој Насекаде во училиштето
Senior Year Spring Musical Трој, Габриела, Шарпеј, Рајан, Чед, Тејлор Келси, Зик, Марта, Џејсон, Џими, Тиара, Wildcats Адиториумот во East High
We're All in This Together (Graduation Mix) Хорот-Wildcats Никој Адиториумот и фудбалскиот терен
High School Musical Трој, Габриела, Шарпеј, Рајан, Чед, Тејлор Келси, Зик, Марта, Џејсон, Џими, Wildcats На сцената


Актерска екипа[уреди]


Грешка во наводот: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).