Кочански кули

Од Википедија — слободната енциклопедија

Средновековни кули — две кули во Кочани и една во околината кои, и покрај називот, најверојатно биле изградени во втората половина на XVII век, кога градот бил под османлиска управа. Влијание во изградбата имала ориенталната архитектура.

Според денешните наоди, во Кочани и неговата блиска околина биле изградени три средновековни кули, од кои две се наоѓаат во градот, распоредени од двата брега на Кочанска Река, додека третата е местена во селото Долни Подлог. Тоа биле беговски кули од станбено-одбранбена функција, а едната била користена како саат-кула.

Изградени од масивни ѕидови од камен, тие останале како единствени белези од минатото во Кочани, иако со години наназад биле под удар на забот на времето. На 13 август 1957 година, Републичкиот завод за заштита на споменици ги стави под заштита на Закон двете кули во градот. На 22 јануари 2016 година, кулите добиле статус на значајно културно наследство.[1]

Западна кула[уреди | уреди извор]

Западна кула
Средновековната кула од десната страна на реката
Карта
Општи податоци
Стилориентален
ГрадКочани
ЗемјаМакедонија
Почнатакрај на XVII век
Технички податоци
Големина6,60 м х 6,60 х 18,5 м

Средновековната кула која се наоѓа на десниот брег на реката, е во средишното градско подрачје, сместена меѓу станбени згради и е доминанта во просторот со својата височина од 18,5 метри.

Во 1969 година, таа веќе го немала дрвениот балкон.[2][3]

Со решението за ревитализација, во 1978 година, ГП „Бетон“ - Кочани извршил реновирање, по што кулата повторно може да биде користена. Тогаш, бил сменет покривот и бил направен и поставен нов балкон.[4]

Во кулата е сместена Музејската збирка при Библиотеката „Искра“. Просториите на кулата се поделени на: визбата -служи за санитарии; приземјето служи за нумизматичката збирка; првиот кат е за археолошката збирка; и вториот кат е за роднокрајното одделение.

Галерија[уреди | уреди извор]


Источна кула[уреди | уреди извор]

Карта

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 123. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 25 септември 2023.
  2. Балканец (12 ноември 2010). „Кула 1969 - The Turkish tower 1969“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2022-07-24. Посетено на 25 септември 2023.
  3. Александра (7 јуни 2014). „Средновековна кула - 1973 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2018-10-15. Посетено на 25 септември 2023.
  4. Балканец (12 ноември 2010). „Кула 1981 - The Turkish tower 1981“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2018-10-15. Посетено на 25 септември 2023.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]