Спортско обложување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Спортско обложување е активност на предвидување на резултати на спортски натпревари и ставање на облог на можниот резултат.

Обложување[уреди | уреди извор]

Спортските обложувалници имаат улога на пазар за спортски облози кои најчесто имаат двоен резултат, еден тим може или да победи или да изгуби. Спортската обложувалница прифаќа облози и за двата резултати и притоа одржува широк спектар на опции за обложување што и гарантира профит без разлика на резултатот на облогот.

Спортските обложувалници најчесто имаат 11 на 10 предност над своите корисници, за помали облози односот е близу 6 на 5, така да обложувалниците секако ќе преживеат на долг рок. Успешните и искусни спортски обложувалници мора да се способни да преживеат голема краткорочна загуба.

Коефициенти[уреди | уреди извор]

Коефициентите за различните резултати од еден облог можат да бидат претставени со Европски формат (децимални коефициенти), формат од Обединетото Кралство (фракциони коефициенти), или Американски формат (манилајн коефициенти). Европскиот формат на коефициенти е користен во Европа, Канада и Австралија. Тие претставуваат пропорција од целосната исплата на облогот претставени во децимален формат. Децималниот коефициент 2.00 претставува рамен облог.

Спортска обложувалница[уреди | уреди извор]

Спортска обложувалница е организација или личност која прима облози за спортски или други натпревари со претходно договорени коефициенти.

Избор на натпревари[уреди | уреди извор]

Спортските обложувалници во Велика Британија се фокусираат главно на професионалните спортови, посебно на трките со коњи и футбалот, меѓутоа можат да се сретнат и други видови натпревари како што се политички избори, церемонии на доделување награди, како што се Оскарите и слично.

Оперативна процедура[уреди | уреди извор]

Со приспособување на коефициентите или со понуда на повеќе опции целта на спортските обложувалници е да го гарантираат профитот со постигнување на баланс, или со добивање на ист број на облози за секој можен резултат, или да се постигне сумите вложени на секој можен резултат да ги рефлектираат коефициентите. Кога ќе добие голем облог, спортската обложувалница ќе може да го намали ризикот со купување на облози од други спортски обложувалници. Спортската обложувалница не се обидува да прави пари од самите облози, туку гледа да профитира од самиот натпревар без разлика на разултатот.

Интернет обложување[уреди | уреди извор]

Со доаѓањето на Интернетот голем број на спортски обложувалници имаат и свој онлајн или виртуелен бренд. Мрежните места прифаќаат облози само од држави каде што обложувањето преку Интернет не е забрането, и од лица кои се постари од 18 години.

Во последно време се зголемува и бројот на обложувачи коишто користат обложување на размена, како што е Betfair, кој автоматски ги поврзува обложувачите, така што делотворно се скратува профитот на спортските обложувалници.

Облози може да се поднесат и преку телефон со СМС-порака иако покерот и некои други спортови повеќе одговараат за таа намена.

Најпопуларните телевизиски спортови во Велика Британија и Европа се сега целосно или делумно спонзорирани од Онлајн спортски обложувалници, и честопати може да се забележат логоата од повеќе спортски обложувалници или казина на дресовите на играчите, на рекламните материјали, ознаки на стадионите и слично. Иако посојат обиди и закони коишто ги забрануваат ваквите спонзорства сепак спортските обложувалници остануваат спонзори на голем дел од фудбалските клубови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Онлајн обложувалници