Споменик на незнајниот војник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Landsoldaten ("foot soldier") статуа во Фредериција, Данска

Низ историјата, многу војници загинале во најразлични војни без да се идентификуваат нивните посмртни останки. Денес, државите имаат обичај да креваат симболичен „Споменик на непознатиот борец“ кој претставува воен гроб на тие непознати борци. Спомениците обично содржат посмртни останки на непознат војник (или “на Господа познат“, како што честопати е напишано на споменикот), за да послужи како симбол за сите незнајни јунаци што загинале.

Примери[уреди | уреди извор]

Држава Локација Опис
Аргентина Катедралата Метрополитан во Буенос Аирес Споменик на непознатиот борец на независноста
Австралија Австралиски воен споменик во Канбера
Австрија Хелденплац во Виена
Белгија Колонада на Конгресот во Брисел Споменикот на непознатиот борец е на основата на локацијата.
Бразил Државен споменик на загинатите во Втората светска војна во Рио де Жанеиро Споменикот на непознатиот борец е на платформата на локацијата.
Бугарија Споменик на непознатиот борец во Софија
Бугарија Споменик на непознатиот борец во Хасково
Канада Споменик на непознатиот борец во Националниот воен меморијален центар, Конфедерациски плоштад, во Отава
Чиле Плоштад генерал Мануел Бакуедано во Сантјаго Содржи останки од војник кој загинал во 1881 за време на Војната на Пацификот.
Чешка Национален меморијален центар на ридот Жижков (Витков) во Прага
Данска Фредериција Наречен Ландсолдатен ("The Foot Soldier") споменик.
Египет Каиро Го содржи споменикот на претседателот Анвар Садат.
Естонија Гробишта на естонските борбени сили во Талин. (see photo)
Финска Хиетаниеми воени гробишта во Хелсинки
Франција Триумфалната капија во Париз
Германија Unter den Linden, Берлин Гробот на непознатиот борец е на поранешен стражар од 19-от век наречен Neue Wache
Грција Синтагма сквер (Constitution Square), Атина (види photo)
Унгарија Плоштадот на хероите, Будимпешта
Ирак Споменик на непознатиот борец, Багдад (види photo)
Индија The All-India War Memorial Arch, Њу Делхи
Индонезија Бандунг Полето на честа е спомен обележје на непознатите борци. Тука е исто така и Гробот на непознатиот (холандски) морнар на воените гробишта Кембанг Кунинг во Сурабаја.
Италија Рим, Пјаца Венеција Гробот на непознатиот борец Milite Ignoto
Македонија Битола, Француски воени гробишта Гробишта на загинатите француски војници во текот на Првата светска војна 1914-1918 г. во Битола
Нов Зеланд Гробот на непознатиот борец, во Велингтон
Перу Плаза Боливар (Bolivar Square) во Лима Содржи останки од војник кој погинал во 1881 за време на Војната на Тихиот Океан.
Филипини Либинган нг мга Бајани (Гробишта на јунаците) во Манила.
Полска Гробот на непознатиот борец, Плоштад Маршал Józef Piłsudski воВаршава Гробот бил реконструиран како аркада на Саксонската палата, уништена во 1944. Содржи останки на војник кој погинал меѓу 1918-1920 г.
Португалија Гроб на непознат војник, Monastery of Batalha
Романија Гроб на непознатиот борец, Карол Парк, Букурешт
Русија Могила на незнајниот војник , Александровски парк, Москва
Србија Споменик на непознатиот борец , Пл. Авала, Белград
Словенија Споменик на непознатиот Француски војник, Плоштад Француска револуција во Љубљана
Украина Дњепер Парк, Киев
Велика Британија Споменик на непознатиот воин, Westminster Abbey во Лондон
САД Споменик на непознатите, Државни гробишта Арлингтон, Вирџинија
САД Споменик на непознатиот борец, Плоштад Вашингтон во Филаделфија
Венецуела Гроб на непознатиот борец , Кампо де Карабобо, Карабобо