Споменик на Советската армија (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик на Советската армија
Soviet army monument in Sofia (Bulgaria).JPG
Општи податоци
Град Софија
Земја Бугарија

Споменикот на Советската армија е споменик кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Споменикот е посветен на Црвената армија. Споменикот се наоѓа во центарот на градот, во близина на Орловиот мост и Софискиот универзитет.

Споменикот бил изграден во 1954 година, а како главен архитект бил Иван Фунев, чија идеја била да споменикот ја симболизира благодарноста на бугарскиот народ кон руските војници, кои ја ослободиле земјата.

По падот на комунизмот во земјата, во 1993 година било решено за рушење и демонтирање на споменикот. Сепак, до ова не дошло. Во текот на 2010 година, на социјалната мрежа Facebook била покренета повторна петиција за преместување на споменикот од централното подрачје на градот и негово поставување во музеј кој би бил посветен на комунистичкиот режим во Бугарија[1].

Наводи[уреди]