Споменик на Републиката (Истанбул)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик Џумхуриет Анити
Cumhuriyet Anıtı
Cumhuriyet Aniti.JPG
Поглед кон централниот дел на споменикот. Во средината се наоѓа Ататурк.
Податоци
Место Истанбул
Земја Турција
Архитект Пјетро Каноника
Изградбата започнала 1928


Џумхуриет Анити (турски: Cumhuriyet Anıtı; во превод Споменик на Републиката) е споменик којшто се наоѓа на плоштадот Таксим, во Истанбул, Турција. Споменикот е посветен на формирањето на Турската република во 1923 година. Споменикот бил изграден по само две години од прогласување на републиката, со финансиска подршка од населението на градот на чело со д-р Хаки Шинаси. Архитект на споменикот е италијанскиот скулптур Пјетро Каноника.[1]

Споменикот е висок 11 метри. Во неговата централна страна се прикажани во човечка форма, истакнати претставници и основачи на републиката, како Мустафа Кемал Ататурк, неговиот помошник Исмет Инону и Февзи Чакмак. Споменикот има две страни. На северната страна е претставен Ататурк во раниот период на неговото дејствување, а на другата страна која гледе кон Булевар Истиклал, се претставени исто така Ататурк заедно со неговите соработници кои се облечени во модерна, западноевропска облека. Споменикот ги симболизира улогите на Ататурк, како воен командант и како државник.

Во позадина на Ататурк, се наоѓаат и Михаил Фрунз и Климент Ворошилов. Првиот одиграл важна улога во Октомвриската револуција, а вториот бил маршал во Советскиот сојуз. Нивната присутност на споменикот ја укажува воената помош која што била дадена од страна на Ленин за време на Турската војна за независност во 1920 година.

Споменикот е еден од најважните во градот и Турција, каде се одржуваат некои церемонии за време на државните празници.

Наводи[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]