Список на цареви од династијата Чинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Змејска мантија на цар од династијата Чинг

Династијата Чинг била основана како „Подоцнежна династија Џин“ во 1616 г. од страна на Нурхачи, Манџурец од кланот Ајсин-Гјоро, додека пак неговиот син Хунг Тајџи ја преименувал династијата во „Чинг“ во 1636 г. Династијата владеела сè до 1912 г. Во самата Кина, дианстијата Чинг ја наследила династијата Минг во 1644, за време на царот Шунџе. Затоа, политички земено, царот Шунџе е првиот цар од оваа династија кому правилно му следува титулата Цар на кина. Династијата брои вкупно 12 владетели започнувајќи од Нурхачи, од кои 10 биле владетели на самата Кина. Династијата Чинг била оборена во Сјинхајската револуција во 1911, иако последниот цар не абдицирал во полза на Република Кина сè до зимата 1912 и си ја задржал титулата сè до 1924 г.

Листа на цареви[уреди]

Родено име1 Посмртно име2
(кратка форма)
Кинески, Манџурски
Храмско име2 Владетелско име
Кинески, Манџурски
Владеел Најпозат
по името
Слика
Нурхачи
努爾哈赤
пинјин: Nǔ'ěrhāchì
Гаоди
高帝
Dergi hūwangdi
Тајцу
太祖
Тиенминг
天命
(1616-1626)
1616-1626 Нурхачи 清 佚名 《清太祖天命皇帝朝服像》.jpg
Хуанг Тајџи
皇太極
Венди
文帝
Genggiyen su hūwangdi
Тајцунг
太宗
Тиенцун
天聰
Abkai sure
1627-1636;
Чунгде
崇德
Wesihun erdemungge
1636-1643
1626-1643 Хуанг Тајџи 清 佚名 《清太宗崇德皇帝朝服像》.jpg
Фулин
福臨
Џангди
章帝
Eldembure hūwangdi
Шицу
世祖
Шунџе
順治
Ijishūn dasan
1643-16615 Шунџе 清 佚名 《清世祖顺治皇帝朝服像》.jpg
Сјуенје
玄燁
Женди
仁帝
Gosin hūwangdi
Шенгцу
聖祖
Кансји
康熙
Elhe taifin
1661-1722 Кансји 清 佚名 《清圣祖康熙皇帝朝服像》.jpg
Јинџен
胤禛
Сјенди
憲帝
Temgetulehe hūwangdi
Шицунг
世宗
Јунгџенг
雍正
Hūwaliyasun tob
1722-1735 Јунгџенг 清 郎世宁绘《清高宗乾隆帝朝服像》.jpg
Хунгли
弘曆
Чунди
純帝
Yongkiyangga hūwangdi
Гаоцунг
高宗
Чиенлунг
乾隆
Abkai wehiyehe
1735-1796
(died 1799)6
Чиенлунг Portrait of the Qianlong Emperor in Court Dress.jpg
Јунгјан
顒琰
Жујди
睿帝
Sunggiyen hūwangdi
Жензцунг
仁宗
Џиачинг
嘉慶
Saicungga fengšen
1796-1820 Џиачинг The Imperial Portrait of Emperor Jiaqing2.jpg
Мининг
旻寧
Ченгди
成帝
Šanggan hūwangdi
Сјуенцунг
宣宗
Даогуанг
道光
Doro eldengge
1820-1850 Даогуанг 003-The Imperial Portrait of a Chinese Emperor called "Daoguang".JPG
Јиџу
奕詝
Сјенди
顯帝
Iletu hūwangdi
Венцунг
文宗
Сјенфенг
咸豐
Gubci elgiyengge
1850-1861 Сјенфенг Xianfeng.jpg
Цајчун
載淳
Јиди
毅帝
Filingga hūwangdi
Муцунг
穆宗
Тунгџе
同治
Yooningga dasan
1861-18757 Тунгџе 002-The Imperial Portrait of a Chinese Emperor called "Tongzhi".JPG
Цајтјен
載湉
Џингди
景帝
Ambalinggū hūwangdi
Децунг
德宗
Гуангсји
光緒
Badarangga doro
1875-19087 Гуангсји The Imperial Portrait of Emperor Guangxu2.jpg
Пуји
溥儀
познат и како Хенри
Сјинди 8
遜帝
9 Сјуентунг
宣統
Gehungge yoso
1908-192410
(† 1967)
Сјуентунг Puyi (1922).jpg
1 Презимето на династијата чинг Ајсин-Гјоро (愛新覺羅 aixin jueluo), но кај Манџурците не било вообичаено да се наведува презимето или кланот заедно со личното име на поединецот.
2 Бидејќи честопати се случувало повеќе цареви од различни династии да делат посметни и храмски имиња, пред нив се наведува династијата, (во случајов Чинг) за да не дојде до забуна. На пример, царот Чиенлунг честопати се среќава споменат како Чинг Гаоцунг.
3 Нурхачи ја основал династијата Џин () т.е. Подоцнежната дијастија Џин (後金) во 1616 г, но дури неговиот син Хунг Тајџи го променил името на династијата во Чинг во 1636 г. Нурхачи го зел владетелското име Тиенминг но неговите титули како владетел од династијата Чинг му се дадени посмртно.
4 Хунг Тајџи во некои историски книги погрешно се наведува како Абахај (阿巴海).
5 Царот Шунџе бил првиот цар од династијата Чинг кој владеел со самата Кина по окупацијата на Пекинг во 1644 г.
6 Царот Чиенлунг се повлекол од функцијата во 1796, и ја зел титулата Почесен цар (太上皇帝). Ова го сторил од почит кон неговиот славен дедо Кансји, за да не владее подолго од него. Меѓутоа тој сепак имал врховна власт сè до смртта во 1799. Тогаш него го наследил синот Џиачинг, кој бил крунисан три години пред тоа.
7 Царицата-вдовица Цесји, конкубина на царот Сјенфенг, мајка на царот Тунгџе, и маќеа на царот Гуангсји, ги применувала своите големи политички способности за да владее зад престолот или на него од 1861 до смртта во 1908 г. Била намесник за време на малолетствата на двата млади цара и го притворила царот Гуангсји во Летниот дворец откога се обидел да воведе реформи во 1898 г. Смртта на царот Гуангсји била објавена еден ден пред нејзината.
8 Сјинди („Абдицираниот цар“) е посмртно име на Пуји кое се употребува историската литература во Кина и тајван.
9 Во 2004 потомците на царското семејство Чинг му доделиле посмртно име и храмско име на Пуји. Посмртно име: Минди (愍帝). Храмско име: Гунгцунг (恭宗). Преостанува да се види дали кинеската јавност ќе ги прифати овие имиња.
10 Династијата Чинг била оборена во 1911, а последниот цар Сјуентунг официјално абдицирал на 12 февруари, 1912. Меѓутоа на истиот ден Република Кина донела „Одредби за благонаклонет третман на Царот на големата династија Чинг по неговата абдикација“ (清帝退位優待條件) со што му се дозволувало да ја задржи титулата и дека републичката влада ќе го третира со протокол како оној наменет за странски владетели. Овие одредби биле преработени на 5 ноември, 1924, по извршениот пуч на генералот Фенг Јисјианг: сега новите одредби налагале дека Сјуентунг повеќе нема право на титула и со тоа станува обичен граѓанин на Република Кина. Истиот ден Сјуентунг бил изнесен од Забранетиот град. Така, Сјуентунг бил на власт сè до 12 февруари, 1912 (и накратко помеѓу 1 јули и 12 јули, 1917), и цар без власт од 12 февраури, 1912 до 5 ноември, 1924. Сјуентунг подоцна станал лидер на марионетската држава Манџукуо (Манџурија) под јапонска контрола, со владетелското име Датунг (大同) (1932-1934), а потоа и марионетски цар на истата држава под владетелското име Канде (康德) (1934-1945).

Видете исто така[уреди]