Список на улоги на Седмо небо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е листа на ликови од The WB/The CW (1996-2007) семејната драма, Седмо небо.

Семејство од девет[уреди]

Ерик и Ени Кемден се брачен пар. Тие имаат седум деца: Д-р Мет Кемден (оженет), Мери Кемден (Г-ѓа Ривера, омажена), Луси Кемден (Г-ѓа Кинкрк, омажена), Сајмон Кемден, Рути Кемден, Сем Кемден и Дејвид Кемден.

Ерик Кемден[уреди]

Пречесен Ерик Кемден, толкуван од Стивен Колинс, е свештеник во црквата на Гленоук и е близок пријател со Пречесниот Морган Хамилтон. Ерик студирал 5 години и дипломирал на Kolbel Seminary. Бргу по тоа се венча и започнува семејство со Ени Џексон Кемден. Тој исто така има една сестра, Џули Кемден-Хестингс, која се венча со докторот кој ја пораѓа Ени со Мет, Сем и Дејвид.


Ени Кемден[уреди]

Ени Кемден (моминачко презиме Џексон), толкувана од Кетрин Хикс, таа има полу-сестра Лили, ќерка на Чарлс Џексон. Мајка и се вика Џени Џексон. За време на нејзиното факултетско образование, Ани студирала се од уметност до бизнис и економија и во подоцните сезони се враќа на факултет за да се доусоврши. Џени Џексон умира на почетокот на првата сезона од рак (леукемиа). Ени тешко ја преболува смртта на мајка и а нејзината болка се зголемува кога татко и се преженува со Џинџер. На крајот на краиштата Ени ја прифаќа Џинџер како дел од семејството. Чарлс Џексон почнува да пати од Алцхајмер но и покрај тоа Џинџер останува покрај него се до неговата смрт што всушност се случува и во вистинскиот живот на актерот кој го толкува Чарлс.


Мет Кемден[уреди]

Д-р Мет Кемден, толкуван од Бери Ватсон е најстариот син и дете од семејството Кемден. Кога првпат започнува серијата, Мет е најстариот од петте деца и е трета година во средно училиште и подоцна станува најстариот од седумте деца кога Сем и Дејвид се раѓаат. Мет најчесто е познат по сериозните врски со неговите многубројни девојки со кој некако ќе дојде до олтар но во моментот ќе раскине но подоцна ќе зажали за тоа. Овие врски ги вклучуват Хедер, глувонема жена со која има долго време излегувано и Шана.

Мери Кемден Ривера[уреди]

Толкувана од актерката Џесика Бил, Мери Ривера (момичко презиме Кемден) е најстарата ќерка и второто дете од семејството. Првпат ја запознаваме Мери кога има 14 години, тогаш Мери е позната по тоа што ја сака кошарката како никој друг и има сон да стане позната кошаркарка.

Луси Кемден Кинкрк[уреди]

Пречесна Луси Кинкрк (момичко презиме Кемден) толкувана од Беверли Мичел, е третото дете Кемден, втората ќерка и беше средното дете пред да се родат близнаците. Луси е позната по многубројните момчиња и по тоа што е многу драматична. Нејзиното прво момче беше Џими Мун. Таа имаше една „нормална“ врска со него но на крајот раскинуваат. Подоцна Џими беше покажуван како учи заедно со Луси во училиштето. Подоцна е покажан како има проблеми со дрогата и алкохолот и Ерик му помага, последен пат Џими е покажан во седмата сезона кога Луси е ставена во поротата на еден суд и таму беше Џими Мун, Луси беше избркана од поротата бидејќи го познава обвинетиот и никогаш не е откриено што се случило со Џими за да заврши на суд. Таа имаше многу пријатели: Никол девојчето кое се сечеше самата себе, Ешли проститутката итн. Подоцна Луси почнува да излегува со Род (рокерско момче) но откако и со него раскинува тој заедно со Џими почнува да ја следи секаде. По ова Луси излегува со Џејсон или „големи усни“ другар на Мери а подоцна и љубовен интерес. Откако ќе направи неколку глупости со него што го вклучува обидот да спие со него тие раскинуваат. На големо изненадување Луси се вљубува и во Ендру Нелсон чудно момче на кое Луси му ги отвараше вратите од колата кога излегоа на состанок, таа го частеше, неговите родители ја опоменаа да го врати дома пред полноќ итн. Што и причини на Луси чувство дека тој се понаша како женско што беше и точно но таа се заљуби во Ендру бидејќи тој се бакнувал преубаво. Но кога Ендру заминува на пат во Европа, Луси од нервоза почнува да излегува со многу момчиња кога Ендру се враќа и кажува дека мора да раскинат бидејќи тој ќе стане татко. По ова Луси започнува пријателство со Мајк Пирс момче кое излегува од ментална болница бидејќи се обидело да се самоубие. Сите сметаат дека тој е чуден но не им пречи бидејќи Луси и Мајк се само пријатели но откако Луси ќе и помогне на мајка му на Мајк да излезе од депресија што го натерало и на Мајк да се убие (заедно со смртта на татко му) тие започнуваат врска, но откако врската нема да им успее Мајк се заљубува во Елена Девојче кое сите го задеваат поради акните. Луси пак го запознава пријателот на Мајк, Џереми со кој има најубава врска и во кој се вљубува и започнува брак, со бракот таа се преселува во Њу Јорк.


Сајмон Кемден[уреди]

Сајмон Кемден толкуван од Дејвид Галагер е четвртото дете и вториот син. Во раниот дел на неговото детство, неговите блиски го знаеа како „банката на Сајмон“ бидејќи тој секогаш има пари на страна. Тој секогаш сакаше да прави магии и волшебни трикови сè додека не стане повозрасен. Тој беше единствениот кој всушност сакаше да го купат семејното куче, Хепи. Сајмон во првите две сезони највеќе се дружи со Рути и заедно со неа прават различни лудории заедно со кучето. Овие случки најчесто доведуваат до комични ситуации за целото семејство. Тие двајцата ја сакаат Хепи и кога на финалето на втората сезона едно девојче ја гледа Хепи на натпревар со Сајмон на телевизија мисли дека таа е нејзиното куче кое и побегнало и сака да ја земе назад но Сајмон и Рути не дозволуваат и Хепи останува кај нив. Најдобар пријател на Сајмон е Најџел заедно со него исто така има правено различни лудории.

Со почетокот на третата сезона, Сајмон едноставно решава да порасне на негов луд начин. Тој ја менува фризураат и почнува да се однесува возрасно иако се уште е млад.

Промената од основно во средно образование премногу го погоди чувствителниот Сајмон. Со почетокот на третата сезона Сајмон целосно се изменува: ја менува фризурата, почнува да се облекува по некои трендови итн. Во последната година од основно Сајмон е тотално „влезе во филм“. Тој незнае како да се однесува и постојано бара начин да стане по маженствен. Кога пак започнува средно образование, тој почнува да слуша некоја чудна музика, да се облекува како постар маж или едноставно кажано почнува да бара начин сите да го гледаат како повозрасен. Сајмон почнува да излегува со многу девојки во средно образование но сепак тоа се мал број на девојки споредувајќи ги момчињата на Луси. Сајмон почнува да се дружи со деца кои пушат, пијат алкохол, се дрогираат, малтретираат жени и прават други опасни работи. Сајмон во втората година во средно уште повеќе „полудува“ и очајно бара начин да го прифатат во средно и да стане еден од најпопуларните момчиња во училиштето, да има многу девојки и да биде поканет на сите забави. Тој сака и дома да го гледаат како повозрасен почнува да се бричи кога уште нема брада, почнува да се бунтува да полага за возачка дозвола и почнува да се однесува како тој да е мажот во куќата. Кога и Рути ќе му каже дека е навистина глупав тој се опаметува, но Сајмон продолжува да се обидува да стане популарен во средното училиште: тој става пирс, ја сече облеката и почнува да излегува со проблематичната и 3 постарата Саша. Сајмон се вљубува во Саша и таа почнува да бара од него да спијат заедно што во почести случаии е обратно, кога Сајмон ја одбива таа продолжува да бара работи од ова 3 години помладо момче. Сајмон уште од мал пати како и другите Кемден деца тоа што на училиште ги викаат „дете на свештеникот“ но ова највеќе го погодува Сајмон. Кога Ени решава да зборува со Саша за нејзе и Сајмон таа и се доверуива дека Сајмон е девица. Ени потоа и кажува и на мајка и на Саша а таа пак на цело училиште. На училиште сите го викаат Сајмон „невиното момче“ кога Сајмон влегува во депресија се се врти на другата страна. Повеќето девојки почнуваат да излегуваат со него бидејќи тој е невин.

Се дознава во осмата сезона дека Сајмон за време на распустот го згазил Пол Смит во сообраќајна несреќа. Сајмон паѓа во депресија и раскинува со Сисилија, тој решава да не ја заврши четвртата година средно и директно да полага испит за да започне факултет.

Рути Кемден[уреди]

Рути Кемден толкувана од Мекензи Роусмен, е најмалата ќерка. Таа е крстена по баба и Рут. За време на нејзината младост таа е позната по нејзината итрина. Во првата и втората сезона таа е секогаш насмеана и расположена. Во овие две сезони таа најголем дел поминува со брат и Сајмон со кој е многу блиска. Кога Рути тргнува на училиште, Ани и Ерик добиваат опомена дека Рути е навистина темпераментно дете и дека треба да внимаваат на неа. Таа почнува да носи најразлични пријатели и пријателки дома со кои доаѓа до смешни ситуации. Рути секогаш се наоѓа за сите да помогне безразлика за тоа што е мала. Како што расте ги гледа постарите браќа и сестри учи доста од нив затоа уште од мала возраст покажува желба да има момче. Таа почнува да глуми дека има момче и прво момче и е Бирт. Бирт и изјавува љубов во финалето на третата сезона. Тие започнуваат „врска“ сè додека Бирт нема да сфати дека итрата Рути него сака и дека му е девојка само зашто и купува подароци. Поминува низ многу комични и интересни ситуации со Бирт сè додека не потпорасне и се заљуби во новиот сосед на нивната улица, Питер Петровски. Тој почнува да минува поголем дел од денот кај Рути дома секоја епизода сè додека Ерик не реши да испита од каде доаѓа Питер. Кога открива дека има само мајка која е разведена од својот сопруг тој помислува дека е алкохоличарка но таа е всушност под голем стрес од работа. Со почетокот на осмата сезона Питер станува главна улога. Се покажува дека го поминал цело лето заедно со семејството Кемден. Од оваа сезона тој и Рути се многу посериозни и повеќе Рути не е малата итрица во семејството. Рути се вљубува и во згодниот Роби Пламер. Луси вели дека откако Роби живее кај нив секоја жена Кемден е вљубена во него. Прво Мери, па Луси и на крајот Рути која почнува да го смета и за поголем брат откако Мет ја напушта куќата. Откако Роби е преселен од куќата се вселува Мартин. Мартин се вселува токму кога Рути започнува средно образование. Бидејќи е збунета и незнае што да прави со себе пред цело училиште му ги соблекува панталоните на Мартин. Таа се заљубува во него но и во неговиот најдобар пријател. Откако Питер ја напушта улицата на Рути таа се вљубува во Мартин. Но не собира храброст да му признае. Токму кога собира храброст да му каже ја отвара устата и вели „Мартин, те сакам“ но по чудниот поглед на Мартин таа додава „како брат се разбира“. Првиото вистинско момче на Рути e Винсент. Со него го споделува и првиот бакнеж и поминува низ драматична врска со него сè додека не раскинува поради враќањето на Питер, но откако Питер ќе ја излаже дека има девојка таа му се враќа на Винсент и останува со него.

Сем и Дејвид Кемден[уреди]

Самуел и Дејвид Кемден

Кевин Кинкрк[уреди]

(бивши) Офицер Кевин Кинкрк толкуван од Џорџ Сталтс

Мартин Бруер[уреди]

Мартин Бруер толкуван од Тајлер Хочлин