Список на тегоби и болки на стапалата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симптоми Болест/Тегоба Што да направите Други информации
Болка при потпирање на стапалото, остро,сплескано испупчување на рапава кожа на стапалото, мала болка кога испупчувањето ќе се притисне, можни се ситни црни точки на површината на испупчувањето, брадавица на табанот брадавица на табанот Повеќето брадавици поминуваат сами од себе, па, веројатно , нема да морате ништо да преземете. Меѓутоа, ако брадавицата многу ве мачи, одете на лекар да ви препорача начин за нејзино отстранување За да се спречи ширењето на овој многу заразен вирус на стапалата, или, пак, на други лица, не фаќајте ги брадавиците, носете гумени влечки додека се туширате
Болка во коренот на палецот на ногата и горниот дел на табанот, коскено испупчување од страна на стапалото , во близина на палецот, отечување, црвенило, чувствителност и ограничена подвижност на зглобот коска на палецот на ногата(задебелување на зглобот на палецот на ногата) Носете меки, удобни чевли, ако можете нарачајте чевли по мерка. Ако болката е силна, лекарот или ортопедот (специјалист за болести на стапалото), можеби, ќе препорача хируршки зафат. Иако може да се наследи склоноста кон задебелување на палецот, тегобите се зголемуваат со несење тесни чевли. Исто така, може да се работи и за Бурзитис или остеоартритис , кои предизвикуваат болки и вкочанетост
Болки под петицата или лакот на стапалото, особено ако многу одите или трчате, можно стврднување и премор на петицата Плантарен фациитис(воспаление на сврзливото ткиво на стапалото) Испробајте ортопедска влошка која се набавува без лекарски рецепт, обратете се на лекар поради дијагноза и препорака за лекување Оваа таканаречена пренапрегнатост предизвикува воспаление на ткивото во долниот дел на стапалото
Постојана прободувачка болка меѓу третиот и четвртиот прст од ногата Мортонова болест(бенинген израстог на нервното ткиво) За брзо намалување на болката, собујте ги чевлите и масирајте го болното место. Ако и натаму ве боли,лекарот,веројатно, ќе ви препише кортикостероидни инјекции или хируршки зафат. Мортоновата болест, по правило, е последица на воспаление на вклештен нерв. ОДбегнувајте тесни чевли и високи потпетици. Може да ви помогнат метатарзални ортопедски влошки кои може да се купат без лекарски рецепт.
Остра болка при потпирање на стапалото или петицата коскен шилец Што помалку носете тесни обувки, обидете се да ставите во чевелот влошка од сунѓерлива гума со дупка на местото каде се наоѓа шилецот. Земете средство против воспаление и болки, како што е ибупрофенот. Акунпунктурата или физикалната терапија можат да ги ублажат непријатностите
Болки, оток, жештина, црвенило и вкочанетост на зглобовите на стапалото и другите делови на телото Ревматичен артритис
Испробајте противвоспалително-аналгетско средство, како што е ибупрофенот. Ако имате артритични зглобови, потребна ви е рамнотежа меѓу одморот и вежбите. Акунпунктурата и разните методи за олабавување можат да ги ублажат болките предизвикани од артритисот.
Силна болка во палецот на ногата, оток , жештина, можна треска и морници гихт Обично се лекува со нестероидни лекови против воспаленија и/или колхицин. Болките може да се намалат со хомеопатски лек Colchicum, од растението од кое се добива колхицин.
Болки во стапалото по повреда или нагло движење, можно отечување и неможност за потпирање на стапалото скршена коска или друга повреда Обратете се на лекар или побарајте итна медицинска помош, ако не можете да одите и да го движите стапалото, или ако не сте сигурни колку е тешка повредата. Ако нема скршеница, одморајте се со подигната нога и ставете мраз на повредата. Скршеницата може да бара цврста преврска или гипс или можеби и хируршки зафат за коските повторно да се наместат. Повредите на мекото ткиво може да се масираат со крем против воспаленија кој се купува без лекарски рецепт или со кремот Arnica, ако кожата не е оштетена.