Список на острови на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нов Зеланд се состои од поголем број острови. Двата главни острова, кои се многу поголеми од останатите и каде живее најголемиот број на населението се Северниот и Јужниот Остров. Од овие, Јужниот е поголем по површина, но северниот има побројно население. Стјуартовиот Остров (Ракиура) е во голема мера најголемиот од останатите острови, додека островот Ваихеке близу Окленд има највеќе жители од сите помали острови.

Еве листа на дванаесетте најголеми острови на Нов Зеланд подредени по големина:

Ранг Англиски назив Маорски назив км²  % од НЗ Население
1 Јужен Остров Те Ваи Поунаму 151215 56.2% 1,008,400
2 Северен Остров Те Ика-а-Мауи 113729 42.3% 3,148,400
3 Стјуартов Остров Ракиура 1746 0.6% 400
4 Четемски Остров Рекоху 900 0.3% 600
5 Оклендски Остров Моту Маха 510 0.2% 0
6 Голем Бариерен Остров Аотеа 285 0.1% 850
7 Резолушн Таумоана 208 0.1% 0
8 Дирвилов Остров Рангитото Ки Те Тонга 150 <0.1%
9 Кемпбелов Остров 115 <0.1% 0
10 Адамсов Остров 100 <0.1% 0
11 Ваихеке 92 <0.1% 7,700
12 Секретарски Остров 81 <0.1% 0

Видете исто така[уреди]