Список на епизоди од Твин Пикс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е листа на епизоди од американската телевизиска серија Твин Пикс.

Сезона 1: 1990[уреди]

Првата сезона започна на 8 април, а заврши на 23 мај 1990 и има осум епизоди.

Епизода Наслов Режисер
[1]
Писател(и)
[1]
Првобитно емитување Продукциски код
1 „Pilot“ 
„Пилот“
Дејвид Линч Марк Фрост и Дејвид Линч 8 април 1990 1000
Малото северозападно место Твин Пикс во државата Вашингтон е потресено од откривањето на мртвото тело на тинејџерката Лора Палмер. За случајот е повикан агент на ФБИ, Дејл Купер. Тој верува дека има поврзаност со смртта на Лора и смртта на Тереза Бенкс точно пред една година. Бунтовничката Одри Хорн ќе го уништи последниот бизнис на нејзиниот татко Бенџамин. Шерифот на Твин Пикс, Хери Труман ќе го уапси момчето на Лора, Боби. 
2 (1) „Traces to Nowhere“ 
„Траги кон никаде“
Двејн Данхем Марк Фрост и Дејвид Линч 12 април 1990 1001
Агентот Купер ужива во удобностите на хотелот. Боби и Мајкл се пуштени од затвор. Купер и Труман ја интервјуираат Џоси Пикард. Одри и Дона се одлучни да го решат убиството на Лора. 
3 (2) „Zen, or the Skill to Catch a Killer“ 
„Зен, или вештината да се фати убиец“
Дејвид Линч Марк Фрост и Дејвид Линч April 19, 1990 1002
Братот на Бен, Џери пристигнува во Твин Пикс. Џејмс и Дона решаваат да бидат заедно. Одри му остава порака на Купер. Агентот Купер има мистериозен сон за убиството. 
4 (3) „Rest in Pain“ 
„Почивај во болка“
Тина Ретборн Харли Пејтон 26 април 1990 1003
Купер му кажува на Труман дека не се сеќава кој бил убиецот во неговиот сон. Идентичната роднина на Лора, Меди пристигнува во градот. Сопругот на Норма, Хенк ќе биде пуштен на условна слобода. 
5 (4) „The One-Armed Man“ 
„Човек со една рака“
Тим Хантер Роберт Енгелс 3 мај 1990 1004
Купер го испрашува др. Џејкоби кој смета дека Лио е убиецот. Џоси ќе ги шпионира Бен и Кетрин. Хенк Шреку телефон ќе ѝ се закани на Џоси. 
6 (5) „Cooper's Dreams“ 
„Соништата на Купер“
Лесли Врскаа Глатер Марк Фрост 10 мај 1990 1005
Купер, Труман, заменикот Хок и Хејворд одат во шумата да се сретнат со Жената со трупецот и ја наоѓаат локацијата на кабината на Жак. Во меѓувреме, Одри продолжува да се обидува да му помогне на Купер со тоа што се вработува во стоковната на татко ѝ, додека Дона и Џејмс се здружуваат со Меди. Шели се одмаздува на Лео. 
7 (6) „Realization Time“ 
„Време за реализација“
Калеб Дешанел Харли Пејтон 17 мај, 1990 1006
Маскирани, Купер и Ед Харли оди кај Едноокиот Џек во обид да го најдат нивниот првичен осомничен за убиството, Жак Рено. Тоа што Купер не го знае е дека и Одри е на слична мисија. Во меѓувреме, Меди, Дона и Џејмс прават план како да го намамат д-р Џејкоби за да ја украдат касетата која Лора ја снимила пред да умре. Боби, љубоморен дека Лора го изневерила, решава да го уништи Џејмс. 
8 (7) „The Last Evening“ 
„Последната вечер“
Марк Фрост Марк Фрост 23 мај 1990 1007
Лео добива наредба од Бен Хорн да ја запали пиланата, но и да ги убие Шели, Кетрин Мартел и Боби Бригс со еден замав. Но, настаните добиваат нова насока откако агентот Купер успешно го наоѓа Жак Рено и се открива неговата врска со Лора. Надин решава да се самоубие, а татко ѝ на Лора, Лиланд, ја зема правдата во свои раце. Подоцна, Купер се враќа во хотелот и мистериозна личност пука во него трипати. 

Сезона 2: 1990-1991[уреди]

Првата сезона започна на 30 септември 1990, а заврши на 10 јуни 1991 и има 22 епизоди.

Episode Title Director
[2]
Writer(s)
[2]
Original air date Production code
1 (9) „May the Giant Be with You“ 
„Нека џинот биде со тебе“
Дејвид Линч Марк Фрост и Дејвид Линч 30 септември 1990 2001
Купер лежи ранет и има визија за еден мистериозен џин кој му помага во истражувањето. Следното утро, Алберт Розенфилд пристигнува во Твин Пикс да му помогне на Купер во истрагата за неговиот напад. Во меѓувреме, косата на Лиланд Палмер побелува и тој продолжува чудно да се однесува. Џејмс е во затвор поради Боби, кој му го подметнува кокаинот од Лео во неговиот моторцикл. Големиот Ед се грижи за Надин која е во кома по обидот за самоубиство. И Лео е во кома исто така, откако Хенк пука во него. Пиланата изгорува, Кетрин и Џоузи исчезнуваат, а Шели и Пит се во болница, едвај спасувајќи се од огнот. Жената со цепеницата ја советува Дона и таа ја разгледува работата на разнесување храна која претходно била на Лора. 
2 (10) „Coma“ 
„Кома“
Дејвид Линч Харли Пејтон 6 октомври 1990 2002
Купер дознава дека неговиот пореметен поранешен партнер, Виндом Ерли избегал од лудница. Првиот работен ден на Дона е чуден откако таа се запознава со една стара жена и нејзиниот внук. Одри открива нови нешта за двојниот живот на Лора кај Едноокиот Џек, но нејзиното истражување станува навистина опасно. 
3 (11) „The Man Behind Glass“ 
„Човекот зад стаклото“
Тод Холанд Џерил Стол, Марк Фрост, Харли Пејтон и Роберт Енгелс 13 октомври 1990 2003
Дона го наоѓа дневникот на Лора во куќата на Харолд Смит; Блеки ја држи Одри како заложник и прави планови со Жан Рено; Џејмс и Медлин се зближуваат, а на Дона тоа не ѝ се допаѓа; Луси оди на ручек со Дик Тремејн; Д-р Џејкоби подлегнува на хипноза; и Нејдин се буди од кома како променета жена. 
4 (12) „Laura's Secret Diary“ 
„Тајниот дневник на Лора“
Грем Клифорд Бери Пулман 20 октомври 1990 2004
Купер и Труман го апсат Лиланд откако тој признава дека го убил Жак Рено во болницата и дека го нападнал д-р Џејкоби. Хенк ја замолува Норма да го очисти ресторантот бидејќи слушнал дека некој критичар наречен Венц ќе го посети Твин Пикс. Во меѓувреме, Жан Рено му праќа на Бен видео запис од Одри, како ја чуваат заробена, и бара од него 100,000 долари откуп кои треба Купер да ги достави. Жан го убива Емори бидејќи лошо се однесувал со Одри. Со помош на Труман, Купер го истражува киднапирањето на Одри. Џоузи се враќа и вели дека била во Сиетл. Од ПИт дознава дека Кетри погинала во пожарот. Подоцна, бизнисмен од Јапонија се сместува во хотелот. 
5 (13) „The Orchid's Curse“ 
„Проклетството на орхидејата“
Грем Клифорд Бери Пулман 27 октомври 1990 2005
Купер и Труман влегуваат во Едноокиот Џек; Сослушувањето на Лиланд започнува; Дона и Медлин прават план како да го украдат дневникот на Лора од куќата на Херолд Смит; Бен добива понуда од мистериозниот јапонски бизнисмен г-н Токамура. Шели и Боби повторно се во врска, и покрај тоа што полумртвиот Лео живее под ист покрив. 
6 (14) „Demons“ 
„Демони“
Лесли Врскаа Глетер Харли Пејтон и Роберт Енгелс 3 ноември 1990 2006
Џејмс ќе ги спаси девојките од Харолд. Купер ја носи Одри дома. Дона се обидува да го убеди Труман дека Харолд го има дневникот на Лора. Меди решава да си замине дома. Џонатан истакнува дека ќе ја носи Џоси назад во Кина. 
7 (15) „Lonely Souls“ 
„Осамени души“
Дејвид Линч Марк Фрост 10 ноември 1990 2007
Бен е приведен откако ѝ признава на Одри за неговата поврзаност со Едноокиот Џек, а таа пак, му пренесува на Купер. Херолд Смит е пронајден мртов, самоубиство. Финансиски проблеми ја уништуваат среќата на Боби и Шели. Пит дознава дека Токамура е всушност Кетрин. Животот на Ед станува сѐ покомплициран бидејќи Нејдин се однесува како тинејџерка. Дамата со цепеницата го одведува Купер во барот, каде тој добива ужасна порака. Меди Фергусон е убиена и идентитетот на убиецот на Лора конечно се открива. 
8 (16) „Drive with a Dead Girl“ 
„Возење со мртва девојка“
Калеб Дешанел Скот Фрост 17 ноември 1990 2008
Бен е во затвор за убиството на Лора, а Џери се обидува да му помогне со одбраната. Купер не верува дека Бен го извршил злосторството, но Труман му се спротивставува. Подоцна, Пит го посетува Бен и му пушта аудио запис од Кетрин која вели дека би го поддржала неговото алиби ако тој се согласи да ѝ ги даде сите негови поседи. Во меѓувреме, Лиланд, вистинскиот убиец, опседнат од Бен, го става телото на Меди во торба за голф. Мајката на Норма ѝ доаѓа на посета со својот нов сопруг, додека пак Хенк се појавува по неколку дена. Луси пристигнува во Твин Пикс со својата постара сестра Гвен, а Енди сака повторно да се вратат заедно. Подоцна, едноракиот човек бега од притвор предупредувајќи ги дека Боб е во близина. 
9 (17) „Arbitrary Law“ 
„Арбитражен закон“
Тим Хантер Марк Фрост, Харли Пејтон и Роберт Енгелс 1 декември 1990 2009
Алберт се враќа поради убиството на Меди. Купер бара 24 часа за да го заврши случајот. Џејмс и Дона ја потврдуваат љубовта која ја чувствуваат. Енди ненамерно ги праќа Дона и Купер кај г-ѓа Тремонд. Купер наоѓа страна во дневникот на Лора во која е опишан истиот сон кој тој го сонуваше. Едноракиот човек е болен и му кажува на Купер дека ги има сите патокази. Кетрин му се открива на Бен и тој ѝ ја препишува пиланата. Лиланд и Дона дознаваат за смртта на Меди. Купер ги повикува сите за последен пат да ги соочи. Џејмс го напушта градот. Купер го дешифрира сонот и сфаќа дека убиецот е Лиланд, кој веднаш е затворен. Но Лиланд умира во затворот, а духот на Боб го напушта неговото тело, оставајќи ги сите да се прашуваат чие тело ќе го заземе следно... 
10 (18) „Dispute Between Brothers“ 
„Карање меѓу браќа“
Тина Ретборн Триша Брок 8 декември 1990 2010
Пријателите ја поддржуваат Сара за време на бдеењето на Лиланд. Купер се збогува со луѓето во полициската станица, но неочекуван пресврт на настаните го задржува во Твин Пикс. Рено ги регрутира Хенк и Ерни да го наместат Купер. Нејдин оди во средно училиште, а мајорот Бригс и Купер сретнуваат нешто многу чудно во шумата. 
11 (19) „Masked Ball“ 
„Бал со маски“
Дувајн Данхем Бери Пулмен 15 декември 1990 2011
ФБИ го истражува Купер поради тоа што бил во Едноокиот Џек. Нејдин се вљубува во тинејџерот Мајк Нелсон. Џејмс ѝ помага на убава русокоса. Хенк се соочува со Бен. Кетрин ја присилува Џоузи да ѝ биде слугинка. Стариот пријател на Купер, Денис Брајсон, доаѓа во Твин Пикс, но е многу променет. Се открива дека Ендрју Пакард е жив. 
12 (20) „The Black Widow“ 
„Црната вдовица“
Калеб Дешанел Харли Пејтон и Роберт Енгелс 12 јануари 1991 2012
Купер наоѓа кокаин во запоставена куќа на Рено; Бен ментално се пореметува и го тера Боби да го следи Хенк; Даги Милфорд умира под сомнителни околности; силната Нејдин се придружува на тимот борачи. Мајорот Бригс се враќа, а истражувањето покажува дека има некое присуство во шумите на Твин Пикс. 
13 (21) „Checkmate“ 
„Шах-мат“
Тод Холанд Харли Пејтон 19 јануари 1991 2013
Рено го држи Купер како заложник. Енди и Тремејн го истражуваат минатото на малиот Ники. Бен се впушта во неговата фантазија како генерал во граѓанска војна. Џејмс и Евелин се вплеткуваат, но Евелин има смртоносна тајна. Ед и Норма се препуштаат на старата страст. Хенк се соочува со Ед, а поранешниот партнер на Купер, Виндом Ерл, остава ужасна сцена во полициската станица на Твин Пикс. 
14 (22) „Double Play“ 
„Двојна игра“
Ули Едел Скот Фрост 2 февруари 1991 2014
Купер му раскажува на Труман за неговото минато со Виндом Ерл. Лео се буди од кома и наоѓа нова причина за живот. Одри склопува договор со Боби, а обајцата се обидуваат да го вратат Бен во реалниот живот. Мажот на Евелин умира, и тогаш Џејмс сфаќа дека бил наместен. Томас Екарт, поранешниот љубовник на Џози и човекот што се обидел да го убие Ендрју Пакард, се појавува. 
15 (23) „Slaves and Masters“ 
„Робови и владетели“
Дајен Китон Харли Пејтон и Роберт Енгелс 9 февруари 1991 2015
Купер открива докази за човекот кој пукаше во него и Пит му помага во смртоносната шаховска игра која ја игра со Виндом Ерл. Дона се обидува да го спаси Џејмс, кој е осомничен за убиството на Марш. Шели се враќа на работа. Нејдин раскинува со Ед поради Мајк. Кетрин ја користи Џоузи да го намами Екарт. 
16 (24) „The Condemned Woman“ 
„Проколнатата жена“
Лесли Врскаа Глетер Триша Брок 16 февруари 1991 2016
Ед ѝ нуди брак на Норма. Џејмс и Дона раскинуваат. Одри повторно се сретнува со згоден и богат човек од нејзиното минато. Ерл праѓа загатка до Одри, Шели и Дона. Хенк е уапсен за убиството на Лео, но тој го вперува прстот во друг човек. Џоузи е приморана да се сретне со Екарт и таа средба завршува трагично. 
17 (25) „Wounds and Scars“ 
„Рани и лузни“
Џејмс Фоли Бери Пулман 18 март 1991 2017
Ени, сестрата на Норма, доаѓа во Твин Пикс откако си отишла од некој манастир. Купер се вљубува во неа. Труман паѓа во депресија. Кетрин открива дека Екарт ѝ оставил мистериозна кутија. На големо се планира за изборот на Мис на Твин Пикс. На Бен му текнува феноменален план како да ја спречи Кетрин. 
18 (26) „On the Wings of Love“ 
„На крилјата на љубовта“
Двејн Данхем Харли Пејтон и Роберт Енгелс 4 април 1991 2018
Купер и полицајците одат во пештерата на бувот. Труман се буди со убава, гола жена. Одри и Џон Вилер започнуваат врска. Виндом Ерл се меша во животите на потенцијалните жртви. Одри и Дона ја забележуваат г-ѓа Хејворд како оди да се сретне со Бен. 
19 (27) „Variations on Relations“ 
„Варијации за врски“
Џонатан Сангер Марк Фрост и Харли Пејтон 11 април 1991 2019
Купер и Труман се обидуваат да ги дешифрираат хиероглифите во пештерата. Пит и Кетрин се опседнати со кутијата-загатка. Ени и Купер се поврзуваат уште повеќе. Гордон Кол се вљубува во Шели. Тремејн одржува тестирање на вино во хотелот. Виндом Ерл го прави следниот потег. 
20 (28) „The Path to the Black Lodge“ 
„Патот до црната куќичка“
Стивен Гиленхол Харли Пејтон и Роберт Енгелс 18 април 1991 2020
Виндом Ерл го киднапира мајорот Бригс. Купер добива порака од другата страна. Дона открива нешто чудно на нејзиниот извод. Ед ѝ раскинува на Нејдин и со Норма решаваат да ги исполнат плановите. Вилер ненадејно го напушта градот. 
21 (29) „Miss Twin Peaks“ 
„Мис на Твин Пикс“
Тим Хантер Бери Пулман 10 јуни 1991 2021
Благодарение на Енди, Купер и Труман дешифрираат дел од тајната за црната куќичка. Купер ѝ помага на Ени да се подготви за изборот на мис. Мајорот Бриг бега од Ерл. Кетрин се бори со кутијата. Луси го бира таткото што го сака за своето бебе. Мисот на Твин Пикс се претвора во пекол. 
22 (30) „Beyond Life and Death“ 
„По животот и смртта“
Дејвид Линч Марк Фрост, Харли Пејтон и Роберт Енгелс 10 јуни 1991 2022
Купер мора да ги преброди своите најдлабоки стравови бркајќи го Виндом Ерл, кој ја киднапирал Ени и ја однел во злокобната област на црната куќичка. Во меѓувреме, Нејдин се буди поради ударот со кој се здоби за време на изборот на мис, и е разочарана што го гледа Ед со Норма. Д-р Хејворт се степува со Бен Хорн и силно го удира поради тоа што се меша со неговото семејство. Очигледно, д-рот Хејворт го убива Бен. Додека Труман и Енди го чекаат Купер да се врати од црната куќичка, Одри одглумува граѓанска непослушност во трезорот на Твин Пикс. Ендрју и Пит доаѓаат во трезорот со клучот да видат што Екарт оставил – бомба која го разнесува сиот трезор. Мајорот Бригс добива порака од Виндом Ерл, кој ја пренесува преку Сара Палмер. Купер е на чудна и судбоносна турнеја низ црната куќичка, што резултира со неговиот најголем пад. Серијата завршува со нерешен крај. 

Белешки[уреди]

General
Specific
  1. 1,0 1,1 Продукциски документи од Твин Пикс - Gold Box DVD издание
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име writers_directors.