Список на градови во Литванија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во Литванија официјално има 103 градови (литв.: еднина miestas, множина miestai). Според државниот закон статус на град може да добие секоја населба од збиен тип со повеќе од 3.000 жители, во која барем 2/3 од вработените не работат во примарниот сектор за производство (земјоделство, шумарство, лов и риболов). Во посебни случаи и помалите населби со историски наследен статус на град можат да добијат статус на град.[1]

Вилнус
Каунас
Клајпеда
Шиулјај
Паневежис
Алитус
Маријамполе

Првите градови во Литванија се појавиле XIII и XIV век. Најстар град во државата е Клајпеда. Повеќето градови во Литванија се стари, настанале пред XVII век, но има и нови, кои настанале како последица на брзата индустријализација на земјата во XX век. Некои настанале од познатите излетнички места и одморалишта.

Повеќето од 103 градови во Литванија се мали и само 19 градови имаат повеќе од 20.000 жители. Среќна околност е нивната рамномерна разместеност по целата територија на државата. Според последниот попис од 2001 г., 66,7% од жителите на Литванија живееле во градовите и овој процент и понатаму расте.

Список на градовите според големината[уреди | уреди извор]

Бр. Грб Град Жители (2001 г.) Жители (2008 г.) Статус на град Округ
1. Вилнус 554.281 544.206 1387. Вилнушки
2. Каунас 378.943 355.586 1408. Каунашки
3. Клајпеда 192.954 184.657 1257. Клајпедски
4. Шјауљај 133.883 127.059 1589. Шјауљајски
5. Паневежис 119.749 113.653 1837. Паневешки
6. Алитус 71.491 68.304 1581. Алитушки
7. Маријамполе 48.675 47.010 1792. Маријамполски
8. Мажејкјај 42.675 40.572 1924. Телшјајски
9. Јонава 34.954 34.446 1864. Каунашки
10. Утена 33.860 32.572 1599. Утенски
11. Кедајњај 32.048 31.055 1590. Каунашки
12. Телшјај 31.460 30.011 1791. Телшјајски
13. Висагинас 29.554 28.269 1977. Утенски
14. Таураге 29.124 27.862 1924. Таурашки
15. Укмерге 28.759 27.603 1486. Вилнушки
16. Плунге 23.436 23.187 1792. Телшјајски
17. Шилуте 21.476 20.945 1941. Клајпедски
18. Кретинга 21.423 21.452 1609. Клајпедски
19. Радвилишкис 20.339 19.625 1923. Шјауљајски

Останати градови со помалку од 20.000 жители:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Закон за управните единици и нивните граници во Литванија (литв.)