Сојуз на Југословени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Сојузот на Југословени

Сојузот на Југословени (на српскохрватски: Savez Jugoslavena) е организација која се залага за признавање на југословенската нација во сите држави настанати на просторот на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија: Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија.[1]

Основана е на 21 Март 2010. година во Загреб, Република Хрватска, на иницијатива на членовите на координативното тело на Здружението „Наша Југославија“. Претседателот на Сојузот на Југословени е Фредерик Года.[2]

Цели и ставови[уреди | уреди извор]

Целта на организацијата е да спроведува активности со коишто ќе се овозможи националноста Југословен да се внесе во листата официјално признати нации во сите земји на југословенскиот простор и обединување на сите етнички Југословени без оглед на нивното верско, политичко, полно или било кое друго определување.[3]

Активностите и целите на Сојузот се насочени кон негувањето на културата и јазикот/јазиците на Југословените, нивните обичаи и традиции, презентации на културното наследство, развивање на пријателски односи со сите останати народи, едукација и воспитување на младите, јакнење на врските со Југословените кои живеат по светот, заземање за меѓусебно разбирање, толеранција и почитување на основните човекови права на слобода, јавно изразување и определување.[4]

Сојузот на Југословени ги насочува своите дејности во правец на отворање на јавна расправа за правата на Југословените и нивнита активна улога во изградба на демократско општество.

Ставот на Сојузот е дека Југословените имаат право на зачувување на културниот идентитет, историското, уметничкото, јазичното и книжевното наследство, како и право на здружување, јавно изјаснување, определување по повод попис на населението или пак организирање во разни друштвени организации како и сите останати националности.[5]

Местоположба на градот Улм во рамките на Германија, местото каде што се формира Сојузот на Југословени на Германија

Сојузот на Југословени смета дека е неопходно активно и непосредно да се работи на надминување на националните поделби, приближување на раскараните југословенски народи и на создавање пријателски односи.[1] Според мислење на Сојузот, говорот на националистичка омраза мора да биде заменет од страна на јазикот на љубовта и помирување, а притоа посебно внимание да се посвети на отворената размена на мислења во врска со причините за неодамнешните војни.[4]

Сојузот на Југословени надвор од југословенскиот простор[уреди | уреди извор]

Сојузот на Југословени е исто така активен во држави надвор од југословенскиот простор.

На 23. Октомври 2011. година во градот Улм, на иницијатива на членовите на Здружението „Наша Југославија“ од Сојузна Република Германија, се одржа основачко собрание на Сојузот на Југословени на Германија.[6]

По основањето на Сојузот на Југословени на 21 март 2010. година во Загреб, како и на Клубот на Југословени кратко време потоа во Сплит, Сојузот на Југословени на Германија е третата по ред организација која своите дејности конкретно ги насочува кон прибирање Југословени и спроведување активности со цел остварување на нивното право на националност.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Југословените да се признаат како посебна нација[мртва врска] Телеграф. 23.03.2010
  2. U Banja Luci se okupili Jugoslaveni Архивирано на 4 мај 2012 г. (на српскохрватски) Bljesak.info S.S.; 01.05.2012
  3. U Zagrebu osnovan Savez Jugoslavena: Imamo pravo na očuvanje baštine Jugoslavije (на српскохрватски) Index.hr. L.J.; 23.03.2010
  4. 4,0 4,1 Saopštenje za javnost Udruženja "Naša Jugoslavija" - Biram da budem Jugosloven! Архивирано на 2 мај 2010 г. (на српскохрватски) E-novine. 24.03.2010
  5. U Zagrebu osnovan Savez Jugoslavena Архивирано на 21 август 2012 г. (на српскохрватски) Jutarnji list. Portal Jutarnji.hr; 23.03.2010
  6. 6,0 6,1 Savez Jugoslavena sada i u Njemačkoj[мртва врска] (на српскохрватски) Bljesak.info Z.S.; 25.10.2011