Софтбол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Натпревар во софтбол
Топката во софтболот

Софтбол (од англ. softball soft - меко и ball - топка) е екипен спорт во кој топката се удира со палка. Основната цел на играта е, таа екипа која напаѓа да ја удри фрлената топка, и еден од играчите да истрча до една од четирите означени бази пред играч од противничката екипа да ја фати топката. Софтболот е подваријанта на безболот, кој се игра на помал терен и со нешто поголема и помека топка за разлика од безболот.

Првиот одигран натпревар во софтбол се одиграл во Чикаго, Илиноис, САД во 1887 година на Денот на благодарноста.

Софтболот се состои од 9 играчи на теренот:фрлач, фаќач, тројца аутфидлери, и играч на првата база, играч на втората база и играч на третата база. Иако топката највеќе е во посед на фрлачот и фаќачот, сите играчи имаат посебна задача во играта.

Женскиот софтбол е стандарден спорт на Олимписките игри од Летните олимписки игри во Атланта во 1996 година. Меѓународниот олимписки комитет одлучил да се отстрани софтболот од програмата на Летните олимписки игри во 2012 година, поради големата доминација на американските тимови, во однос на другите држави.

Правилата во софтболот се многу слични со оние од безболот. Клучни разлики постојат во траењето на натпреварот (наместо 9 ининзи како во безболот, овде се играат 7), помалиот терен, нешто поголемата и помека топка, пократките палки и сл. Брзината која ја постигнува топката при удирањето и фрлањето е помала, па затоа овој спорт често е подготовка за помладите категории за вистинскиот безбол. Исто така софтболот е рекреативен спорт за постарите катеогории бидејќи е поспор и помалце опасен од безболот.

Види уште[уреди]

Надворешни врски[уреди]