Софре Ѓорѓевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софре Ѓорѓевски
Роден Радиовце, Македонија
Починал 1963
Македонија

Софре Ѓорѓевски (Радиовце, тетовско, ? – ?, 1963) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација [1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевски е роден во тетовското село Радиовце. Тој бил еден од првите членови на Македонската револуционерна организација во Тетовско, војвода на чета (со решение на Тетовскиот местен комитет), која дејствувала во подрачјето на планината Сува Гора во Тетовско и Гостиварско[2]. Учесник е во Илинденското востание, во борбите во Кичево.[3] Во тетовските провали бил уапсен и затворен во Куршумли ан во Скопје (1905–1908). Носител е на Илинденска споменица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светозаревиќ, Бранислав Покорни (2003). Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 190. ISBN 9989-622-46-9.
  2. Стефановски, Живко (1975). Полошка панорама (прво. изд.). Тетово. стр. 73.
  3. „Бадентер профункционира во Тетово“. 1 декември 2006. Посетено на 2009-10-20.

Предлошка:МРО