Состанок во Караѓорѓево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Состанокот во Караѓорѓево бил таен состанок, одржан во март 1991. година во селото Караѓорѓево (Војводина биску до градчето Бачка Паланка, СР Србија), помеѓу претседателите на СР Хрватска Фрањо Туѓман и претседателот на СР Србија Слободан Милошевиќ околу тогашната ситуација во СФРЈ или подетално во Хрватска и Србија. Според повеќе извори, на тој состанок помеѓу двата претседатели е усмено договорена поделба на Босна и Херцеговина помеѓу Србија и Хрватска, и поради тоа овој состанок понекогаш се нарекува и договорот во Караѓорѓево.


На тие преговори Милошевиќ ги барал сите територии каде Србите биле мнозинство. Тоа је вклучувало нпр. источна и западна БиХ. Туѓман и соработниците ја барале првенствено западна Херцеговина каде Хрватите формирале мнозинство. Помеѓу таквата проширена Хрватска и проширена Србија требало да има мала муслиманска државичка,која Туѓман и Милошевиќ ја нарекувале Алиината држава.[1]

Душан Биланџиќ, советникот на Туѓман кој присуствовал на овој состанок, покано објавил книга во која тврди дека „целта на овој состанок била поделба на Босна и Херцеговина“.[2][3][4]

Тие кои негираат дека постоел некаков договор го кажуваат фактот дека немало никаков пишан документ на тој состанок. Хрвоје Шариниќ, советникот за надворешни работи на Фрањо Туѓман, кој воедно присуствувал на тој состанок, иницијативно повеќе пати негирал дека постоел било каков договор за поделба на БИХ, со Милошевиќ.[5][6][7][8][9] Без предвид дали вистина бил постигнат договор помеѓу Слободан Милошевиќ и Туџман или не,преговорите сепак се одржувале во март 1991 година. Во тоа време Југославија де факто сѐ уште постоела (25 април 1991) Словенија прогласува независност и подпаѓа под кратката десетдневна војна со ЈНА. Додатна информација во сета оваа приказна е политиката на Хрватска и претседателот Туџман кон Босна и Херцеговина, која никогаш не била крајно одредена и јасна. А без сомнение вклучувала големата желба на Туџман за припојување на деловите на БИХ со Хрватско мнозинство, ако се распадни таа држава. Поради меѓуетничката напнатост во БИХ распадот бил опасно блиску.[10]

Доколку навистина постоел било каков цврт договор за поделба на БИХ,тој бил брзо напуштен од тој момент кога Милошевиќ го изиграл Туџман помогнувајќи го етничкото чистење на Хрватите од страната на Србите во тнр Република Српска Краина и источна Славонија исто како и тешките напади на подрачјето во околината на Дубровник.

Краток преглед[уреди]

Српската полиција во Пакрач сакаше да изведе воен удар, кое предизвика конфронтација помеѓу Хрватските полициски сили (зајакнати од паравоени единици лојални на претседателот Туџман) и ЈНА. По една недела, на 9 март 1991, ЈНА побрза да ја одбрани владата на Милошевиќ против политичките протести или демонстрации, во Белград.[11] Овие случувања биле клучни за средбата помеѓу Туџман и Милошевиќ во Караѓорѓево.[11][12] Ниту еден Бошњачки претставник не присуствуваше,пошто иваа средба билатерално беше помеѓу Србите и Хрватите.[13] Меѓународниот суд за војни злосторства против Милошевиќ забележа дека факт е дека "на 25ти март 1991 година, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туџман се сретнале во Караѓорѓево и ја дискутирале поделбата на Босна и Херцеговина помеѓу Србија и Хрватска"[14]Покасно, во 1993 година, Славен Летицал се присетил за овој состанок кажувајќи дека "имало неколку карти на масата. Идејата беше блиска до скорешните идеи за БИХ, или да се подели на 10 или 15 кантони, или 3 полу-независни држави"[11] По Караѓорѓево, Туџман рече дека било многу тешко Босна да опстане и дека Хрватите ќе ја земат Бановината плус Казин, Велика Кладуша и Бихаќ.[13]

Туџман аргументираше дека Босна и Херцеговина треба да формира дел од федералната Хрватска единица бидејќи историски била поврзана за Хрватска.[13] Туџман не ја фаворизираше идејата БИХ да биде независна,кои беа произнесени во телевизиската емисија,и тој рекол "Босна беше креација на Отоманската инвазија [...] Дотогаш беше дел од Хрватска, или беше Босанско кралство, но беше Католичко кралство, поврзано со Хрватска.[11] Според позицијата на Туџман, кој ја проискажал пред две недели од средбата во Караѓорѓево, федерална БИХ "беше повеќе ресурс за нови поделби помеѓу Србите и Хрватите,него нивен мост".[15] Понатаму, Туџман рекол дека од етничка и лингвистична смисла, повеќето Бошњаци биле од Хрватско потекло.[13] Бошњачки идентитет би му одговарал на Србите и ова би го забрзал процесот за причинска поделба на БИХ.[15] Можно е дека "договор со Милошевиќ во Караѓорѓево [...] беше конечен чекор на таа страна".[16]

При крајотна април 1991, била одржана и втора средба во Тиквеш, Хрватска.[17] Можно беше дека овие состаноци го убедија Туџман дека Србија би ја поделила БИХ на Српско -Хрватски слој каде што Србија би му ги отстапила териториите на Хрватска до границите на Хрватската бановина од 1939 година.[17]

На овој состанок сепан се зборувало само за договор за БИХ а било отсутно некакво преговарање за Хрватска. После една недела, Милошевиќ се обратил на телевизија,по протестите во Белград,каде претстави план кој се состоеше да се освои голем дел од Хрватска во нова Југославија. Ова воведе во конфликт и прогласување на Хрватска војна за независност[11]Сепак Туџман продолжил да се среќава и комуницира со Милошевиќ,околу прашањето за БИХ,и што ќе се случи со Хрватска.[18]

Плановите на Милошевиќ и Туџман за Голема Србија и Голема Хрватска се имплементирани со етничко чистење, во текот на Босанската војна[19]Босанците (Бошњаците,Хрватите и Србите) убија а повеќе од 1.5 милиони луѓе биле избркани.[20] Ова доведе до ситуација кога немало регион кој би можел да биде опишан како етнички чисто Бошњачко, Хрватско или Српско,а во текот на војната се случило баш спротивното,почнала да се јавува хомогеноста.homogeneity.[16][20]

Законите на Република Хрватска и лидерот Туџман за БИХ никогаш не биле комплетно транспарентни, секогаш ја вклучувало неговата желба да се зголемат границите на Хрватска. [21] Според пресудата за Тихомир Блашкиќ, судот пронајде дека Хрватска и поспецифично поранешниот претседател Туџман, се надеваше да ја подели Босна и да има контрола врз Босанските Хрватски и посебно врз Хрватската територијална одбрана ХВО [13] Туџман и Хрватската влада многу пати негираа дека имало некаков договор во Караѓорѓево на неколку наврати, јасно кажувајќи дека во 1991 година Србите ја контролирале цела ЈНА и Спрските востанија во Хрватска во текот на Хрватската војна за независност беа само почеток.[22]Во овој контекст средбата би можела да биде видена како обид на Туџман да ја превентира Српско Хрватската војна каде Хрватска би се справила со ЈНА. Дискусијата за поделбата на Босна според некои луѓе е видена како обид да се избегне овој конфликт[23] Босанските лидери, сепак, ја виделе оваа средба како дел од план помеѓу двата претседатели да се уништи БиХ.[24]

Поделба на Босна и Херцеговина[уреди]

Главни актери[уреди]

Главните актери на оваа средба, Туџман и Милошевиќ, негираа дека имало некој дискутиран или донесен договор за поделба на Бих.[25] Во заедничка изјава во Женева, во 1993 година, Милошевиќ и Туџман рекоја "Сите шпекулации околу поделбата на Босна помеѓу Србија и Хрватска се целосно неосновани." Но Милошевиќ рекол за поделбата дека, "е решение кое му дава на муслиманите повеќе од што може да сонуваат или да земат со сила"[26]

Сведочења[уреди]

По смртта на Туџман,некои од Хрватските политичари кои работеле со Туџман како помошникот Душан Биланџиќ[27][28][29] и поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ [30] кој посведочил дека средбата била за поделба на Босна.[5][6][8]Последниот Југословенски премиер Анте Марковиќ, кој истотака сведочел во Хаг,потврдил дека имало договор за поделба на Босна помеѓу Србија и Хрватска[31][32][33] Сведочел и поранешниот Американски амбасадор во Југославија,Цимерман,[34][35]и амбасадорот Херберт Окун [36]кој сугестирал дека имаше план да се подели Босна. Педи Ешдаун истотака потврдил дека постоел план да се подели Босна на Хрватска и Србија,и дека ова бил план на Туџман.[37][38]

Стипе Месиќ[уреди]

Стјепан Месиќ, поранешниот претседател на Хрватска.

Кога Стјепан Месиќ стана претседател на Хрватска, по смртта на Туџман, тој сведочеше во Меѓународниот суд за војни злосторства за постоење на план за поделба на Босна и Херцеговина на три дела, помеѓу Србите и Хрватите и мала Бошњачка држава. Стјепан Месиќ тврди дека тој бил оној кој ги организирал овие средби.[39]Кога Месиќ му сугестираше за средбите на Борисав Јовиќ, Месиќ го конфронтираше него обвинувајќи го за "вооружување на Република Српска Краина,а воедно и Хрватските Срби", Јовиќ тоа го одрече и кажа дека тие "не беа заинтересеирани за Хрватските Срби, но биле заинтересирани само за 65% од Босна и Херцеговина."[40]

Месиќ го обвинуваше Милошевиќ дека бил одговорен за креирање на голема Србија "на остатоците од поранешна Југославија".[41][42]

Наводи[уреди]

  1. (англиски)Dr. Gerard Toal and Dr. Carl Dahlman (2007). „Sukob vlada:Raspored i povrat Bosne i HercegovineS:“ (PDF). http://www.cas.sc.edu/geog/hrl/Hazard_Pubs/2004_TheClashOfGovernmentalities.pdf. конс. 30 септември 2007. „Ali za razliku od zahtjeva bosanskih Srba o demografskoj dominaciji i samoodređenju, hrvatski nacionalisti su tražili kako dobiti teritorij na većinom povijesnim zahtjevima za zapadnom Hercegovoinom, i teritorij kojim bi povećali južni dio Hrvatske uključivanjem većeg dijela južne Bosne.Ti su planovi razmatrani 1991 od strane Tuđmana i Miloševića u Karađorđevu te je dogovorena prividna podjela BiH.Za tu prigodu ,Milošević je zahtijevao većinu istočne i zapadne Bosne, a Tuđman je bio voljan odustati od Hrvatskih krajeva sjeverne Bosne za njegove interese. Između tih teritorija bi se smjestila muslimanska tampon država.Точната тема на разговорите никогаш не е докрај обелоденета во јавноста,така да до ден денес претставува тајна.Српските, и мнозинството Хрватски политичари, инсистираат дека не постоел никаков цврт договор. Бошњаците сепак тврдат дека постоел таков договор и удираат и ги обвинуваат двајцата дека ја кроеле поделбата на БИХ.“ 
  2. Akademik Dušan Bilandžić postao hrvatski Savo Štrbac?
  3. Priznanje Buliću i Bilandžiću
  4. Dušan Bilandžić: Kameleon za sva vremena
  5. 5,0 5,1 - Robert Bajruši, (27 јануари 2004). „Trgovinu između Tuđmana i Miloševića spriječila je plitka Neretva“ (HTML). nacional. http://www.nacional.hr/articles/view/10862/. конс. 14 февруари 2008. 
  6. 6,0 6,1 „Podjela BiH bila je nezaobilazna tema“ (HTML). europamagazine. 2007. http://europamagazine.info/sarinic.htm. конс. 14 февруари 2008. 
  7. 24sata (2007). „Hrvoje Šarinić: "Podjela Bosne i Hercegovine bila je nezaobilazna tema"“ (HTML). 24sata. http://www.24sata.info/4439. конс. 14 февруари 2008. 
  8. 8,0 8,1 „Šarinić za Dnevni avaz: Tuđman i Milošević, ali i Izetbegović, razgovarali o podjeli BiH“ (HTML). domovinskirat. 6 октомври. http://www.domovinskirat.com/content/view/2181/1009/lang,hr/. конс. 14 февруари 2008. 
  9. Lučić, Ivo; Busuladžić, Adnan; (Issue:1/2003). „Tuđman-Milošević pregovori u Karađorđevu:politički mit ili dogovor“ (HTML). pub. http://www.ceeol.com/aspx/issuedetails.aspx?issueid=d95c2a09-dcb7-4aa0-9b28-8027dada964b&articleId=5561ed06-7343-4153-b64d-ea39dacacdf3. конс. 14 февруари 2008. 
  10. (англиски)„ICTY: presuda Naletiliću i Martinoviću - Povijesna pozadina“. http://www.un.org/icty/naletilic/trialc/judgement/nal-tj030331-1.htm#IIA. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Tanner, Marcus (2001). „Croatia: A nation forged in war (second edition)“. New Haven and London: Yale University Press. ISBN 9780300091250. 
  12. Posle tajnog susreta Milošević - Tuđman U Karađorđevo“, Borba, 27 март 1991 (конс. 13 август 2009).
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 „Prosecutor v. Tihomir Blaškić - judgement“. United Nations International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. 3 март 2000. http://www.icty.org/x/cases/blaskic/tjug/en/bla-tj000303e.pdf. 
  14. „The prosecutor of the tribunal against Slobodan Milošević: Amended Indictment“. United Nations International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. 22 ноември 2002. http://www.icty.org/x/cases/slobodan_milosevic/ind/en/mil-ai040421-e.htm. конс. 14 август 2009. 
  15. 15,0 15,1 Tuđman, Franjo (1981). „Nationalism in contemporary Europe“. Columbia University Press. ISBN 0914710702. 
  16. 16,0 16,1 Banac, Ivo (2006). „Chapter 3: The politics of national homogeneity“. Blitz, Brad. „War and change in the Balkans“. Cambridge University Press. стр. 30–43. ISBN 9780521677738. 
  17. 17,0 17,1 Magaš, Branka; Ivo Žanić, Noel Malcolm (November 2001). „The war in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991-1995“. Routledge. ISBN 0714652040. 
  18. Magas, Branka (2006). „Chapter 10: The war in Croatia“. Blitz, Brad. „War and change in the Balkans“. Cambridge University Press. стр. 118–123. ISBN 9780521677738. 
  19. „JUSTICE REPORT: Bosnia's Book of the Dead“. Balkan Investigative Reporting Network. 21 јуни 2007. http://www.birn.eu.com/en/88/10/3377/. конс. 14 август 2009. 
  20. 20,0 20,1 Kurspahic, Kemal (2006). „Chapter 6: From Bosnia to Kosovo and beyond: mistakes and lessons“. Blitz, Brad. „War and change in the Balkans“. Cambridge University Press. стр. 76–86. ISBN 9780521677738. 
  21. „Prosecutor v. Naletilic and Martinovic - Judgement (Historical Background)“. United Nations International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. 22 февруари 2001. http://www.icty.org/x/cases/naletilic_martinovic/tjug/en/nal-tj030331-e.pdf. конс. 16 август 2009. 
  22. „Franjo Tuđman - Poziv na obranu domovine, 5. listopada 1991“. YouTube. 5 октомври, 2009. http://www.youtube.com/watch?v=9-SNg1pUvs8. конс. 16 август 2009. 
  23. Hoare, Marko Attila (1997). „The Croatian project to partition Bosnia-Hercegovina, 1990-1994“. „East European Quarterly“ 31. http://www.questia.com/googleScholar.qst?docId=5002233334. 
  24. Williams, Kristen (2001). „Despite nationalist conflicts: theory and practice of maintaining world peace“. Greenwood Publishing. стр. 97. ISBN 9780275969349. http://books.google.co.uk/books?id=OYmurpH3ahsC&printsec=frontcover&dq=williams+nationalist+conflicts#v=onepage&q=%22earlier%20in%20march%22&f=false. 
  25. „An interview with Stipe Mesić about Tuđman's Meeting with Milošević in Karadjordjevo“. YouTube. 7 септември, 2006. http://www.youtube.com/watch?v=DRRTyoxrIFQ. конс. 16 август 2009. 
  26. Burns, John F.. „Serbian Plan Would Deny the Muslims Any State“, The New York Times, 18 јули, 1993 (конс. 16 август 2009).
  27. „Jeli (JAZU-)Akademik Dušan Bilandžić postao hrvatski Savo Štrbac?“ (на Croatian). Hvratski. 14 јуни, 2006. http://amac.hrvati-amac.com/index.php?option=com_content&task=view&id=196&Itemid=83. конс. 17 август 2009. 
  28. „Priznanje Buliću i Bilandžiću“ (на Croatian). Algorithm Multimedia Bookshop. 17 август, 2009. http://www.algoritam.hr/novosti.asp?id=1068&p=vijest. конс. 17 август 2009. 
  29. „Dušan Bilandžić: Kameleon Za Sva Vremena“ (на Croatian). Zamirzine. 20 декември, 2006. http://www.zamirzine.net/spip.php?article4100. конс. 17 август 2009. 
  30. „Testimony of Stjepan Mesić from a transcript of the Milošević trial“. United Nations International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. 2 октомври 2002. http://www.icty.org/x/cases/slobodan_milosevic/trans/en/021002ED.htm. конс. 17 август 2009. 
  31. „Marković objašnjava kako je počeo“ (на Croatian). Sense Tribunal. 23 октомври, 2003. http://www.sense-agency.com/ba/stream.php?sta=3&pid=4153&kat=6. конс. 17 август 2009. 
  32. „Ante Markovic's testimony“. Bosnian Institute. 24 октомври, 2003. http://www.bosnia.org.uk/bosrep/report_format.cfm?articleid=1020&reportid=162. конс. 17 август 2009. 
  33. Milosevic trial hears of 'Bosnia plot'“, BBC, 23 октомври, 2003 (конс. 17 август 2009).
  34. Mahmutćehajić, Rusmir; Jones, Francis; Bowder, Marina (2000). „The denial of Bosnia“. Penn State University Press. стр. 47. ISBN 9780271020303. http://books.google.com/books?id=wXooH0vZVd4C&pg=PA47. конс. 17 август 2009. 
  35. Zimmermann, Warren (1996). „Origins of a Catastrophe: Yugoslavia and Its Destroyers“. Times Books. ISBN 9780812963991. 
  36. „BH partition plans in form of a stain“. Sense Tribunal. 2 април, 2007. http://www.sense-agency.com/en/stream.php?sta=3&pid=9468&kat=3. конс. 17 август 2009. 
  37. Kay, Sean (1998). „NATO and the future of European security“. Rowman & Littlefield Publishers, Inc.. стр. 82. 
  38. Meurs, Wim (2003). „Prospects and Risks Beyond EU Enlargement: Southeastern Europe“. VS Verlag. стр. 168. 
  39. [1]
  40. „Nezavisne novine interviews Stjepan Mesic“. http://www.bosnia.org.uk/bosrep/report_format.cfm?articleid=3049&reportid=170. 
  41. Lattimer, Mark; Sands, Philippe (2003). „Justice for crimes against humanity“. Hart Publishing. стр. 16. 
  42. „Milosevic trial: Croatia’s President Mesic gives evidence“. http://www.wsws.org/articles/2002/nov2002/milo-n01.shtml.