Сончев систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Финалната дефиниција на сончевиот систем го отфрла Плутон како планета и со тоа содржи осум планети

Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8 планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеороидите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Кајперовиот појас кој достига до 50 AU и Ортовиот облак составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години).

По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.

Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер).

Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.

Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.

Структура на сончевиот систем[уреди]

Најголемото тело во Сончевиот систем е Сонцето кое содржи 99,86% од вкупната позната маса на системот. Потоа, тука се осумте тела кои орбитираат во релативно уникатни орбити, кои најчесто се нарекуваат планети и двa појасa составени од помали објекти. Сите објекти кои орбитираат околу Сонцето лежат на иста рамнина која се нарекува еклиптика и ротираат во иста насока. Повеќето од нив и самите имаат тела кои орбитираат околу нив, а најголемите се опкружени со планетарни прстени од прашина и други честички.


Главните планети се (по редослед): Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Имињата на седум од планетите се од грчко-римската митологија, додека Земја е германски збор. Осумте планети се делат во две групи: внатрешни и надворешни. Поделбата е направена според положбата на планетите во Сончевот систем (далечината од сонцето), а помеѓу двете групи се наоѓа астероидниот појас. По групата на надворешни планети се простира Појасот Купер.

Внатрешни планети[уреди]

Четирите внатрешни или терестријални планети се каратеристични по тоа што се составени од густ (каменест) материјал. Тие се формирале во пожешките региони поблиску до Сонцето. Затоа, полесните материјали испариле, а останале оние материјали кои имаат поголема точка на топење, како што се силикатите.

Четирите внатрешни планети се:

Астероиден Појас[уреди]

Астероидниот појас е составен од тела помали од планетите кои се нарекуваат Астероиди и најчесто се во орбита околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Главниот појас се состои од десетици илјади (можеби и милиони) тела поголеми од 1км во дијагонала, иако некои од нив се речиси прашина. Иако се во голем број, вкупната маса на астероидите не надминува илјадити дел од земјината маса. Астероидите со дијаметар помал од 50m се нарекуватт метеороиди. Најголемиот астероид Керера е со пречник од околу 1000 км. Се смета дека астероидите се остаток од планета која не успеала да се обедини вo едно тело поради силното гравитациско влијание на Јупитер. Постојат и астероидни месечини кои се всушност астероиди кои орбитираат околу поголеми астероиди, меѓутоа тие не се издвојуваат како планетарните месечини и понекогаш се големи речиси колку и самите астероиди околу кои ротираат.

Во внатрешниот дел од сончевиот систем постојат и „самостојни“ астероиди чии орбити се сечат со орбитите на планетите.

Надворешни планети[уреди]

Надворешните планети или гасните гиганти се толку големи што заедно содржат 99% од вкупната позната маса на материјата која орбитира околу Сонцето. Бидејќи се релативно далеку од Сонцето, тие ја содржат главнината од водород и хелиум во Сончевиот систем, кои биле прелесни за да се задржат на внатрешните планети.

Трите надворешни планети се:

Појасот Купер[уреди]

Појасот Купер е голем прстен од „отпад“, сличен на астероидниот појас, меѓутоа е составен воглавно од мраз. Внатрешната граница на појасот започнува во орбитата на Нептун и се простира до 50AU. Од овој регион потекнуваат кометите со краток период на појавување, како што е Халеевата комета. Проценката е дека постојат околу 70.000 објекти во појасот со дијаметар поголем од 100km, но неговата вкупна маса е можеби само малку поголема од масата на зeмјата. Многу од објектите од овој појас имаат орбита која не лежи во рамнината на еклиптиката.

Статусот на Плутон[уреди]

Од 24 август, 2006 со донесувањето на дефиниција на планета Плутон официјално престанува да биде планета. Статусот му е променет на планета-џуџе. Така, Сончевиот систем има 8 планети.