Сендерборг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сондерборг)
Прејди на: содржини, барај
Сендерборг
Поглед на градот
Сендерборг се наоѓа во Данска
Сендерборг
Местоположба во Данска
Координати: 54° СГШ 9° ИГД / 
Управа
 • Градоначалник Осе Нигард
Површина
 • Вкупна 496,57 км2
Население (2012)
 • Вкупно 27.304 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEЅT (UTC+2)
Портал http://www.sonderborg.dk/

Сендерборг (дански: Sønderborg) — значаен град во Данска, поточно во јужниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Сендерборг. Денес Сендерборгима околу 27.000 жители во градот и 76.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди]

Сендерборг се наоѓа во јужниот дел на Данска, во близина на границата со Германија, која се наоѓа на 12 километри југозападно од градот Сендерборг. Од главниот град Копенхаген, градот Свендборг е оддалечен само 220 километри југозападно.

Релјеф: Градот Сендерборг се наоѓа со помал дел во југоисточниот дел на данскиот полуостров Јитланд, а со поголемиот дел на нему блискиот остров Алс. Подрачјето на градот е претежно рамничарско. Надморската височина се движи од 0 до 30 метри.

Клима: Климата во Сендерборг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Сендерборг се формирал на Алшки премин, кој го дели островот Алс од копното (Јитланд). Преминот, кој е широк 200м, го дели градот на два дела, поголем и помал (островски) дел. Јужно од градот Свендборг се наоѓа Алшки Залив.

Историја[уреди]

Подрачјето Сендерборг било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во 1170 година. Населбата градскит еправа ги добила во 1461 година.

Во периодот од 1867-1920 градот Сендерборг бил во рамките на Пруска, а потоа во рамките на Германија.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди]

Денес Сендерборг има околу 27.000 жители во градските граници и околу 76.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Сендерборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]