Сонам Гјацо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Сонам Гјацо
Сонам Гјацо
1543 -1588
Flag of Tibet.svg
Цело име Неговата светост Сонам Гјацо,
Третиот Далај лама
Школа Гелуг

Сонам Гјацо (1543-1588) бил првиот официјално препознатлив Далај лама,иако неговите претходници ја имале неговата титула.

Тој е роден во близина на Ласа во 1543 година и се смета дека е реинкарнација на Гендун Гјатсо.Тој учел во манастирот Дрепунг и станал аббот.Неговата репутација брзо се проширила,па така и монасите од манастирот Сера го признале за свој аббот.

Како што вели Сумпа Кенпо,голоемиот учител на учењето Гелуг и Сонам Гјацо учел некои Њингма тантрички доктрини.

Кога еден од тибетанските кралеви умрел во 1564 година,Сонам Гјатсо го организирал неговиот погреб.Неговата политичка моќ и онаа на учењето Гелуг станале доминантни во Тибет во седумдестите години на XVI век.

Потекло на титулата Далај лама[уреди]

Општо тврдење е дека името на титулата Далај лама го дал монголскиот владетел Алтан Кан во времето на Сонам Гјатсо во 1578 година.Но,ова не е точно.Монголскиот владетел Алтан Кан го повикал Сонам Гјатсо во Монголија.За време на патувањето Алтан Кан на Сонам Гјатсо му го дал името Далај лама.На тибетански гјатсо значи океан што е исто што и далај на монголски.Алтан знаејќи дека во името на претходникот на Сонам Гјатсо Гендун Гјатсо го има зборот гјатсо како презимае направил грешка којашто е и потеклото на името Далај лама коешто е давано уште од реинкарнацијата на големиот лама.Оваа грешка ја има потврдено и четиринаесеттиот Далај лама Тензин Гјатсо којшто вели:Не се согласувам дека Монголите го сметале за титула.Тоа е само превод.

Алтан Кан и промената на Монголија[уреди]

Сонам Гјатсо,свештеникот којшто го ширел будистичкото учење Гелуг (Жолтата капа) преку истоимените училишта бил одговорен да пронајде странски заштитници од странските Гелуг институции.Како заштитник тој го нашол Алтан Кан.

Алтан Кан го поканил Сонам Гјатсо во Монголија во 1569 година,но најверојатно Сонам го одбил и испратил ученик којшто му пренел дека во Монголија се бара ширењето на будистичкото учење.За таа цел во 1573 година Алтан Кан заробил неколку будистички монаси.Тој го поканил Сонам Гјатсо повторно во 1578 и го прифатил тибетанскиот будизам.Тие се сретнале во Кингаи.Алтан Кан го изградил манастирот Тегчен Чонкор,а по оваа средба се започнале масовно да се преведуваат тибетански текстови на монголски.По педесетина години Монголите станале Будисти,со десетина илјади монаси коишто биле приврзаници на ушењето Гелуг и лојални на Далај лама.

Во пораката на Сонам Гјатсо спрема Монголите пишувало дека Монголите треба да го прифатат будизмот и дека повеќе не треба да има жртви на животни и луѓе и дека треба да се уништат сите слики на старите богови.Тој исто така сметал дека и воените акции треба да престанат и дека жртвувањето на жената на погребот од сопругот треба да биде укинато.

Третиот Далај лама објавил дека е реинкарнација на Фагпа,а Алтан Кан објавил дека е реинкарнација на Кублај Кан и тие двајцата започнале да соработуваат во пропагирањето на будизмот.

За време на владеењето на петтиот Далај лама Лозанг Гјатсо,алијансата со Монголите продолжила да се одржува и инструментално со издавањето на Гелукпа како власт на Тибет.

Алтан Кан умрел во 1582 година,само 4 години по средбата со третиот Далај лама Сонам Гјатсо.Него го наследил неговиот син Сенге Дуренг којшто продолжил да го подржува ширењето на будизмот.Две години подоцна Сонам Гјатсо повторно ја посетил Монголија,а при тоа го основал и манастирот Кумбум на родното место на големиот учител и реформатор Је Цонгкапа.Од 1585 година тој во Монголија сменил многу племиња со своите принцови.Тој уште еднаш бил поканет во Монголија,но се рзболел и умрел враќајќи се од Монголија во Тибет.

Внуѕкот на Алтан Кан Јонтен Гјатсо станал четвртиот Далај лама.

Победата и пленот споделете ги со другите;Загубата и поразот сносете ги сами.- Сонам Гјатсо.


Претходник
Гендун Гјатсо
Реинкарнација на Далај Лама Наследник
Јонтен Гјатсо