Сомнеж (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Сомнеж (Doubt)“ |
|
официјален постер |
|
| Режирано од | Џон Патрик Шенли |
|---|---|
| Продуцент | Скот Рудин |
| Сценарист | Приказна: Џон Патрик Шенли |
| Настапуваат | Мерил Стрип Филип Симор Хофман Ејми Адамс Виола Дејвис Џозеф Фостер |
| Дистрибутер | Miramax Films |
| Премиера | 25 декември 2008 |
| Времетраење | 104 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $25,000,000 |
Сомнеж англиски: Doubt е американски драма – филм на Џон Патрик Шенли од 2008 год. Филмот е адаптација на истоимената драмска претстава. Напишана од Џон Патрик Шенли, а продуцент е Скот Руди. Во актерската екипа се појавуваат Мерил Стрип, Филип Симор Хофман, Ејми Адамс и Виола Дејвис. Светската премиера на филмот беше на 25 декември 2008.
Синопсис[уреди]
Во 1964 година харизматичниот свештеник отец Флин се обидува да внесе промени во правилата на католичкото училиште, каде што директорка е сестрата Алојзиус Бувие. Таа верува дека правилниот начин на воспитување е со строга дисциплина и страв кај учениците. Почнуваат политички промени, кои секаде се прифаќаа, а во училиштето е примен првиот црн ученик Доналд Милер. Но, кога сестрата Џејмс наивно ќе и ги каже своите сомнежи на сестра Алојзиус, дека отецот Флин премногу внимание му посветува на Доналд, таа започнува со опасна битка решена да ја открие вистината и да го избрка Флин од училиштето. Без трошка морал и решена по секоја цена да ја истера работата до крај, истовремено и да го уништи отецот Флин, сестра Алојзиус прави се што може да и помогне. Но, нејзината лична борба постепено зазема поголеми размери и се заканува да донесе непријатни последици.
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Мерил Стрип | Сестра Алојзиус Бувие |
| Филип Симор Хофман | Отец Брендан Флин |
| Ејми Адамс | Сестра Џејмс |
| Виола Дејвис | Г-ѓа Милер |
| Џозеф Фостер | Доналд Милер |
| Метју Марвин | Рејмонд Гермаин |
Награди и номинации[уреди]
66то изданиеЗлатен Глобус[уреди]
Најдобра главна актерка во драма (Мерил Стрип)– номинирана
Најдобар спореден актер во драма (Филип Симор Хофман) – номиниран
Најдобра споредна актерка во драма (Ејми Адамс) – номинирана
Најдобра споредна актерка во драма (Виола Дејвис) – номинирана
Најдобро сценарио за драма (Џон Патри Шенли) - номиниран
