Содома и Гомора (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Содома и Гомора“
Режирано од Роберт Олдрич
Продуцент Џозеф Е. Левин
Маурицио Лоди-Фе
Џофредо Ломбардо
Сценарист Џорџо Проспери
Хуго Батлер
Настапуваат Стјуарт Грејнџер
Анук Ајме
Пјер Анџели
Стенли Бејкер
Росана Подеста
Музика Миклош Рожа
Кинематографија Алфио Контини
Силвано Иполити
Цирил Џ. Ноулс
Марио Монтоури
Монтажа Марио Серандреи
Питер Танер
Дистрибутер Twentieth Century-Fox Film Corporation
Премиера Италија 4 октомври 1962
САД 23 јануари 1963
Времетраење 154 минути
Држава Италија/Франција/САД
Јазик англиски

Содома и Гомора, познат во САД како Последните денови на Содома и Гомора, е епски филм од 1963 делумно базиран на библиската приказна за Содома и Гомора. Филмот е француско-италијанска-американска копродукција направена од Pathé, SGC и Titanus. Режиран е од Роберт Олдрич и продуциран од Маурицио Лоди-Фе, Џофредо Ломбардо и Џозеф Е. Левин. Сценариото е напишано од Џорџо Проспери и Хуго Батлер, а кинематографи се Алфио Контини, Силвано Иполити, Цирил Џ. Ноулс и Марио Монтоури, додека музиката е на Миклош Рожа.

Филмот трае 155 минути.

Содржина[уреди]

Градовите близнаци Содома и Гомора брзо се развиваат поради богатството на сол, кое го копа армија робови. Декадентните граѓани, кои се збогатиле со трговијата на солта, живеат во луксуз и користат робови за насилни игри и забава.