Согукчешме Сокаги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Согукчешме Сокаги
Soğukçeşme Sokağı
Согукчешме СокагиSoğukçeşme Sokağı
Податоци за хотелот
Место Султанахмед, Истанбул, Турција

Согукчешме Сокаги (турски: Soğukçeşme Sokağı; буквално: Улица на Студената Чешма) претставува една мала улица со историски куќи во Султанахмед, помеѓу музејот Аја Софија и Топкапи Сарај, во Истанбул, Турција. Слободна зонска улица била именувана по фонтаната која се наоѓа во паркот Ѓулхан.

Улицата е составена од неколку дрвени, на два или три спрата куќи, кои датираат од османлискиот период на градот, односно кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Областа уште се нарекува и "Ayasofya Konakları" или Палатите кај Света Софија. Вкупно девет од овие куќи работат како хотели.

Како најпознат гост којшто престојувал во овој хотел била шпанската кралица Софија во пролетта на 2000 година, која престојувала четири ноќи.[1]

Овде е и родното место на шестиот претседател на Турција, Фахри Корутурк (1903-1987).[2] Во една од куќите се наоѓа и библиотеката Китаплиџи, која поседува повеќе од 10.000 книги.l[3]

Наводи[уреди]

  1. Ayasofya Pensions
  2. Ayasofya Pensions (турски)
  3. Devletşah (турски)

Извори[уреди]

  • Gülersoy, Çelik (2002). „Soğukçeşme Street“. Istanbul: TTOK Yayınları. стр. 80. ISBN 9757641375. 

Надворешни врски[уреди]