Современ петобој на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Olympic rings with white rims.svg

Натпреварите во современиот петобој на Летните олимписки игри 2012 во Лондон беа одржани на 11 и 12 август 2012 година. И во машката и во женската категорија учествувале по 36 натпреварувачи.[1] Местата за одржување на дисциплините биле арената копер Бокс, за мечување, Центарот за водени спортови во Олимпискиот парк за пливање и Гриничкиот парк, за јавањето и за комбинираното крос-кантри трчање и стрелаштво.[2]

Современ петобој на
Летните олимписки игри 2012

Modern pentathlon pictogram.svg
Дисциплини
мажи  жени

Формат на натпреварување[уреди]

Современиот петобој содржи пет дисциплини; стрелаштво, мечување, 200 м пливање слободен стил, коњички скокови и 3 км крос-кантри трчање.[3]

Ова биле први Олимписки игри во кои крос-кантри трчањето и стрелаштвото биле комбинирани; натпреварувачите биле соочени со три рунди на пукање, секоја рунда проследена со 1 км трчање. Во секоја од рундите во пукањето, натпреварувачите требало да погодат пет мети, наполнувајќи го пиштолот по секој истрел; потоа можеле да продолжат со трчање. Промашените истрели не биле казнети, но доколку се надминело времето од 70 секунди следувало казна.[3]

Постоеле планови за замена на пиштолите со ласерски пиштоли, по успешниот обид на Летните младински олимписки игри 2010 во Сингапур. Овие планови пропаднале по гласањето на раководното тело на овој спорт, Меѓународната Унија за Современ Петобој.[4][5]

Освојувачи на медали[уреди]

Категорија Злато Сребро Бронза
Мажи
подробно
Чешка Давид Свобода
Чешка (CZE)
Кина Као Жонгронг
Кина (CHN)
Унгарија Адам Мароши
Унгарија (HUN)
Жени
подробно
Литванија Лаура Асадаускаите
Литванија (LTU)
Велика Британија Саманта Мареј
Велика Британија (GBR)
Бразил Јана Маркез
Бразил (BRA)

Табела на медали[уреди]

Ранг Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Чешка (CZE) 1 0 0 1
 Литванија (LTU) 1 0 0 1
3  Кина (CHN) 0 1 0 1
 Велика Британија (GBR) 0 1 0 1
5  Бразил (BRA) 0 0 1 1
 Унгарија (HUN) 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

Наводи[уреди]

  1. „Modern Pentathlon“. ЛОИ 2012 веб-сајт. http://www.london2012.com/games/olympic-sports/modern-pentathlon.php. конс. 5 мај 2011. 
  2. London 2012 Olympics: modern pentathlon guide“, 14 февруари 2011 (конс. 5 мај 2011).
  3. 3,0 3,1 Бренч, Џон. „Modern Pentathlon Gets a Little Less Penta“, „New York Times“, 26 ноември 2008 (конс. 5 мај 2011).
  4. Глимур, Род. „London 2012 Olympics: laser guns dropped as modern pentathlon rules for air pistol“, 7 ноември 2010 (конс. 5 мај 2011).
  5. „Pentathlon drops plan to swap pistols for laser guns“. ББС Спорт. 7 ноември 2010. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/modern_pentathlon/9164372.stm. конс. 5 мај 2011. 

Надворешни врски[уреди]