Снежна ѕвингалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снежна ѕвингалка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Врапчиња
Род: Montifringilla
Вид: Снежна ѕвингалка
Научен назив
Montifringilla nivalis
(Linnaeus, 1758)
Јајца на снежна ѕвингалка

Снежната ѕвингалка (науч. Montifringilla nivalis) е мала врапчевидна птица, која и покрај тоа што е ѕвингалка, не спаѓа во семејството на зебите (или ѕвингалките), туку во семејството на врапчињата. Таа е постојан жител на планините, типично над 1.500 метри надморска височина, низ јужна Европа, централна Азија, до западна Кина. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Во Франција, декември, со портокалов клун.

Снежната ѕвингалка е големка набиена птица, со должина од 16.5 до 19 см. Има кафеави горни делови на телото, бели долни делови и сива глава. Има долга, тенка бела линија на крилото. Летно време, клунот е црн и има црно лигавче. Зимно време, лигавчето се губи, а клунот станува жолт. Половите се слични.

При лет крилјата се црни со големи бели ознаки, а опашката е обрабена со бело.

Пеењето на оваа птица е пријатно, весело чрчорење со многу треперења и варијации на крцкави повици.

Поведение[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на оваа птица се планините, Алпите, Карпатите, Балканот, Кавказ, обично здружени во мали јата. Зимно време знаат да се симнат во подножјата и во градовите и се однесуваат исто како другите врапчиња, летаат брзо, маневрираат во воздухот, скокаат на земја.

Се хранат со семиња, но и со некои инсекти. Бестрашни се, и пасат на скијалиштата. Ретко може да се видат под 1.000 метри надморска височина дури и во најстудените зими.

Со оглед на живеалиштето, тие гнездат подоцна, кон крајот на мај, почетокот на јуни. Гнездото го прават во пукнатините на крапите, во дувлата на глодачите или во дупките на градбите. Несат 3-4 бели јајца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Montifringilla nivalis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]