Славистика

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Словенска филологија)

Славистиката е академско подрачје кое ги проучува подрачјата кадешто живеат словените, Словенските јазици, литературата и културата. Слависта е лингвист или филолог кој ја изучува Славистиката. Славистиката се појавува во доцниот 18. и раниот 19. век, речиси истовремено со националното будење помеѓу словенските народи, и обид да се воспостави дијалог помеѓу Славјанската заедница. Ова движење е познато и како Пан-Славистика. Еден од првите научници кои го користат ова име е Јозеф Добровски.

Историјата на славистиката генерално е поделена на три периоди. До 1876 раните слависти се концентрирале на документација и печатење на споменици за словенските јазици. Во овој период се појавуваат и првите модерни речници и граматики. Вториот период завршува со Првата светска војна, и е обележан со брз развој на Славјанската филологија и лингвистика. Овој процес го стумулираат Август Шленшен и Август Лескен на Универзитетот во Лајпциг. По војната, научниците се фокусираат на дијалектологијата. По Втората светска војна, славистички центри се формирани на многу универзитети низ светот.

Подрачје на интересирање[уреди | уреди извор]

Словенски азбуки[уреди | уреди извор]