Слепи кучиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Слепи кучиња
Период: Ран миоцен - денес
Мал бамбусов стаорец, Cannomys badius.
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Натфамилија: Muroidea
Фамилија: Spalacidae
Gray, 1821
colspan=2 style="text-align: center; background-color: transparent; text-align:center; border: 1px solid red;" | Подфамилии

Spalacinae
Myospalacinae
Rhizomyinae

Слепите кучиња (латински: Spalacidae) образуваат фамилија на глодари која обединува ријачки цицачи адаптирани кон подземен начин на живеење: слепото куче, бамбусовиот стаорец и цокорите. Оваа фамилија, заедно со Platacanthomyidae, претставува една од најстарите гранки на подредот Muridae. До неодамна, овие глодари припаѓаа на различни фамилии: Spalacidae, Rhizomyinae и подфамилијата на цокори од фамилијата на хрчаци. Меѓутоа, скорешните генетски истражувања открија дека овие групи се монофилетски.

Општи одлики[уреди]

Во фамилијата има ријачки или полуријачки глодари за кои е карактеристично крупното брановидно тело, недоразвиените очни јаболки и ушни школки, ниското и густо крзно и кратките екстремитети. Опашката е кратка (долга колку половина од телото). Черепот има широка клиновидна форма, а мускулатурата на вратот е силна. За повеќето видови (освен цокорите, кои ријат со помош на предните екстремитети) се карактеристични широки испапчени секачи. Големината на телото варира од белозабото мало слепо куче (Nannospalax leucodon), чија должина изнесува 13 cm, а тежи околу 100 g, до џиновскиот бамбусов стаорец, кој при должина на телото од 48 cm тежи до 4 kg. Кај некои видови (африкански бамбусови стаорци) мажјаците се поголеми од женките; кај другите половиот диморфизам не е изразен.

Начин на живеење[уреди]

Слепите кучиња се распространети во Стариот свет. Во Европа тие се среќаваат од југоисточна Европа до Африка, на запад до Либија, а на југ до северна Танзанија; во Азија достигнуваат од Блискиот Исток и Мала Азија до островот Суматра. Два вида на слепи кучиња — џиновското и обичното се среќаваат на територијата на Русија.

Поголем дел од својот живот овие глодари го минуваат под земјата, градејќи сложени системи на тунели со гнездови комори, складишта и тоалети. Почвата ја раскопуваат пред сè со секачите (слепото куче и бамбусовиот стаорец) или со предните екстремитети (цокорите). За риење, овие глодари ги претполагаат влажните ровки почви, при што избегнуваат сушни станишта; на планините се среќаваат до 4000 m надморска височина. Ова се солитарни територијални животни кои ги заштитуваат своите гнездилишта и посед. Активни се во текот на целата година; дневната активност зависи од видот. Повеќето видови заседнуваат во своето место на живеење, додека други скитаат во потрага по храна. Се хранат најмногу со подземните делови на растенијата: корења, луковици и ризоми. Зелените делови на растенијата, плодовите, семињата, но и инсектите и другите без`рбетници ги користат помалку. Многу видови се штетници на земјоделските култури.

Систематика[уреди]

Обично слепо куче, Spalax microphthalmus.

Африканските бамбусови стаорци понекогаш се вбројуваат во одделна подфамилија — Tachyoryctinae.

Природозаштитен статус[уреди]

Од 36 видови во фамилијата, 7 се внесени во Црвената листа на Меѓунардоното здружение за заштитна на природата како загрозени:

Извор[уреди]