Слезенка
Од Википедија
Слезенката (лат. lien) или лиен е орган на лимфниот систем. Таа претставува депо - орган и складира крв, а исто така ги отстранува изумрените црвени крвни зрнца. Сместена е на левата, горна страна од абдоменот, зад желудникот и под дијафрагмата. Има две страни од кои едната кон дијафрагмата, а другата кон стомачните органи на која се наоѓа влезен отвор. Од тука влегува слезенска артерија, а излегува слезенска вена.