Слатки шеснаесет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слатки шеснаесет (англиски: Sweet Sixteen) е британски филм од 2002 година, во режија на Кен Лоуч. Главните улоги ги толкуваат: Мартин Компстон, Анмари Фултон и Мишел Култер. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил добитник на „Златна палма“ за најдобро сценарио.

Кен Лоуч, Кан 2014 година)

Содржина[уреди | уреди извор]

Лиам има петнаесет години и заедно со најдобриот другар Пинбол, продава шверцувани цигари по баровите, со цел да заработи некоја пара. Мајка му, Џин е затворена поради трговија со дрога, иако вистинскиот виновник е неговиот очув, Стан. Неговата сестра, Шантел живее посебно, заедно со нејзиното бебе, Калум и не сака да комуницира со мајката, поради нејзиното криминално однесување. Лиам, заедно со дедо му и со очувот одат во затворот за да ја посетат мајка му, а Стан го принудува да прошверцува една пратка со дрога. Лијам одбива да го направи тоа, поради што е брутално претепан од Стан.

За да му се одмазди, тој ја краде дрогата што ја чува Стан, а освен тоа, го пријавува и во полиција. Потоа, заедно со Пинбол, започнува да ја продава дрогата и така заработува доволно пари. Со намера да започне нов живот и да ја направи мајка си среќна, тој купува камп-куќичка, но еден ден, некој ја запалува куќичката. Лијам полека напредува во трговијата со дрога и го привлекува вниманието на големиот криминалец, господинот Даглас, така што мора да работи за него. Притоа, тој воспоставува добра организација за продажба на дрогата, злоупотребувајќи ги своите другари, кои продаваат пица. Неговиот шеф, г-н Даглас му нуди на Лиам стан, под услов тој да го ликвидира Пинбол, кој претходно го краде и го уништува автомобилот на г-н Даглас. Лиам го посетува Пинбол и меѓу нив започнува расправа при што Пинбол му кажува дека тој ја запалил камп-куќичката. Лиам го добива новито стан и организира забава, но и покрај неговата желба, сестрата и мајката не можат да се смират, така што мајка му се враќа кај Стан. Лиам оди таму и ја наговара да се врати, а по расправата со Стан, Лиам го прободува со нож.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мрачна драма за растењето и светот на возрасните“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 3.