Скорпија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Скорпии
Азиска шумска скорпија (Heterometrus spinifer) во Тајланд
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Членконоги
Подтип: Клештари
Класа: Пајаковидни
Поткласа: Брзоноги
Ред: Скорпии
C. L. Koch, 1837
Натфамилии

Buthoidea
Chaeriloidea
Chactoidea
Changster
Iuroidea
Scorpionoidea


Скорпиите се осумножни членконоги, членови на редот Scorpiones. Можат да се најдат во тропските и суптропските предели. Постојат повеќе од 1400 различни видови. Најголем претставник е империјалната скорпија (Pandinus imperator) од западна Африка која е долга 21 cm. Најмалите видови се долги само неколку mm. Меѓутоа, за време на Силур и Девон постоеле џиновски водни скорпии долги и до 2 m.

[уреди] Морфологија

Опашниот дел на скорпиите, кој е најчесто составен од пет сегменти, завршува со отровна боцка. Педипалпите се големи и завршуваат со клешти. Забележано е дека потенцијалот на отровот е обратнопропорционален со големината на нивните клешти. Ова значи дека доколку се помали клештите, толку е посилен отровот на скорпијата. Некои видови поседуваат отров кој би можел да убие човек. Во принцип, отровот на скорпиите е од невротоксична природа. Боцката на крајот од телото може да се користи за парализирање на пленот, но нејзината примарна функција е одбранбена.

Скорпиите имаат помеѓу три и шест пара на прости очи сместени околу нивниот карапакс, давајќи им можност за гледање во повеќе насоки, како и пар на сложени очи кои се ориентирани кон напред. Меѓутоа, многу скорпии имаат слаб вид, а некои се и слепи.

[уреди] Однесување

Скорпиите се многу издржливи животни. Тие можат да се вратат во живот по смрзнување од неколку недели, а исто така преживуваат и потопување за време од два дена. Некои видови, пак, можат да издржат без храна и до една година. Скорпиите се и долговечни животни (некои достигнуваат и 30 години). Некои видови можат да произведат шуштечки звук со помош на триењето на нивните клешти од нозете.

Сите скорпии се ловци и можат да детектираат слетување на бумбар или треперење на крила од еден инсект на растојание од повеќе од 1 m, но повеќето видови преферираат да го чекаат пленот пред да го нападнат.

Скорпија со своите млади кои ги носи на својот грб.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици