Скелетон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Натпреварувач при стартот

Скелетон е зимски спорт во кој целта е да се премине определена патека со специјални санки во што е можно пократко време. При возењето, натпреварувачот е во положба со главата напред, со лицето надолу на санката. Овој спорт, од санкањето се разликува по положбата на телото, бидејќи кај санкањето положбата може да биде седечка, лежејќи на грб, и со нозете напред.

Денес, во скелетонот се практикуваат само две дисциплини: мажи поединечно и жени поединечно. Правилата се едноставни: натпреварувачот на кратка патека се залетува и трчајќи ја турка санката, легнува на неа, и потоа со движењето на телото ја управува насоката на движење.

Како еден од најстарите зимски спортови, скелетонот бил дел од зимските олимписки игри, најпрво на Зимските олимписки игри 1928 а потоа и на Зимските олимписки игри 1948, за потоа да биде истиснат од програмата од санкањето и бобот. На зимските олимписки игри, скелетонот се вратил на Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити, и од тогаш е стандарден спорт во програмата.

Надворешни врски[уреди]