Сињска алка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алкар на коњ како јава по патеката.

Сињска алкахрватска витешка игра која секоја година се одржува во далматинскиот град Сињ на годишнина од победата над турските освојувачи на 14 август 1715 година кога војниците од Сињ успеале да го одбијат нападот на војската на турскиот заповедник Мехмед-паша Челиќ.

Правила на играта[уреди | уреди извор]

Распоред на бодовите
Пукање од мачкулата рано наутро

Алката е витешко натпреварување каде што јавач на коњ во полн трк мора да ја помине патеката во должина од 160 m, (дозволено е време до 12 секунди) и со копје да ја погоди средината на малиот железен круг којшто се вика алка, а кој се наоѓа на висина од 3,22 m над тлото. Алката се состои од два концентрични круга, каде што помалиот круг e со пречник од 3,51 cm, а поголемиот со пречник од 13,1 -{cm}-. Круговите се меѓусебно сбодови преку три крака кои ја делат надворешната кружница на три еднакви полиња. Целта на играта е да се соберат што е моѓно повеќе бодови во три обиди.

Вредноста на поединечните полиња е различна, па горното поле над малиот круг вреди два бода, додека долните полиња лево и десно вредат по еден бод. Доколку играчот го погоди малиот круг тој ќе освои три бода. Бидејќи полињата се со различна вредност, од локалниот дијалект произлегле и различни називи за нив. Бодувањето во долните две полиња од големиот круг се вика „у један“ (што значи „во еден“, односно дека е освоен еден бод), бодувањето во горното поле од големиот круг се вика „удва“ (што значи „во два“, односно дека се освоени два бода), додека бодувањето во малиот круг се вика „у сриду“ (што значи „во средина“ или во „центар“, односно дека се освоени три бода). Меѓутоа дури и ако не се погоди алката, односно доколку алкарот ја допре со копјето, месното население вели „уништа“ (што значи „во ништо“, односно дека не е освоен бод но е допрена алката), додека ако алката остане недопрена, се вели „промашио“ (што значи дека алкарот не ја ни допрел алката, односно ја промашил целта).

За секое бодување „у сриду“ покрај алкарот, слави и целокупната публика, бидејќи смислата на самото натпреварување не е само да се победат останатите натпреварувачи, туку и да се погоди што поголем број „у сриду“, што предизвикува голема вештина и умешност на алкарот во ракување со копје, јавање на коњ и остро око. Секое бодување „у сриду“ се слави со огласување на лимените инструменти и пукање од „мачкула“ - старинскиот топ.

Алката се користела во XVII и XVIII век како војничка вежба за коњаниците кои носеле копја.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]