Сињорија (Фиренца)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палатата на Сињоријата (Палацо Векјо) на плоштадот на Сињоријата во Фиренца

Сињорија (итал. Signoria) била владата (управата) на средновековна и ренесансна Фиренца. Таа се состоела од девет членови, наречени „приори“ , кои биле избирани од членовите на еснафите во градот: шест биле од поважните еснафи, а двајца од помалите. Деветтиот член бил гонфалониерот.

Избор на членови[уреди]

Имињата на сите членови на еснафите со возраст од над 30 години се ставале во осум кожни торби наречени „борзе“. Секои два месеца овие торби се земале од црквата Санта Кроче, каде што се чувале, и биле церемонијално влечени со ждрепка. Квалификувани за функцијата биле само оние кои не биле во долгови, не служеле скоро, и не биле некако поврзани со веќе извлечените имиња.

Служба во Сињоријата[уреди]

Веднаш по изборот, деветте членови требале да се преселат во Палатата на Сињоријата (Палацо Векјо), каде живееле два месеци додека служеле. Тие биле плаќани скромно, колку да си ги покријат трошоците, и им биле доделувани слуги во зелени ливреи. Униформата на приорите се состоела од алов капут поставен со ермелин и со ермелински јаки и ракави.

При вршењето на управните должности, Сигориајта морала да консултира два други избрани совети под колективен назив „колегии“. Првиот бил „Додичи Буономини“ со дваесет члена, додека вториот, „Седичи Гонфалониере“, се состоел од шеснаесет лица. По потреба се бирале и други совети како Воената десетка, Безбедната осмица и Трговската шесторка.

Видете исто така[уреди]