Сите го сакаат Рејмонд
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Сите го сакаат Рејмонд | |
| Формат | Ситком |
|---|---|
| Создадена од | Филип Розентал |
| Настапуваат | Реј Романо(Рејмонд) Патриша Хитон(Дебра) Бред Герет(Роберт) Моника Хоран(Ејми) Медлин Суитн(Али) Дорис Робертс(Мари) Питер Бојл(Френк) |
| Земја на потекло | |
| Број на сезони | 9 |
| Број на епизоди | 210 |
| Продукција | |
| Времетраење | 30 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | CBS |
| Емитување | 13 септември, 1996 – 16 мај, 2005 |
Сите го сакаат Рејмонд (англиски: Everybody loves Raymond) е американски ситком емитуван на телевизијата CBS од 1996 до 2005. Заедно со Сајнфелд, Пријатели, Фрејзер и други, ова е еден од најпознатите американски ситкоми.
Серијата се врти околу секојдневниот живот на итало-американецот Реј Барон, писател на спортска колумна во весник, кој живее со својата жена Дебра Барон, нивната ќерка Али и нивните идентични синови Мајкл и Џефри. Родителите на Реј и неговиот љубоморен и несигурен брат Роберт, не ги оставаат Реј и Дебра на мира ни еден момент. Реј често се вмешува во нечии проблеми, но на крај обично тој излегува виновен.
Сите го сакаат Рејмонд кај нас се емитува на Сител телевизија.
Содржина |
Позадина[уреди]
Базирана на вистински искуства на Реј Романо, Сите го сакаат Рејмонд премиерно се прикажа на 13 септември 1996. на CBS. Серијата е продуцирана од HBO, Worldwide Pants во асоцијација со Where’s Lunch?. Иако првата сезона не беше многу гледана главно поради лошиот термин петок навечер, понатамошните сезони се емитуваа во нов термин и ја победуваа конкуренцијата. Една од најсилните конкуренти во тој термин беше Ели МекБил. Последната епизода беше емитувана на 16 мај 2005, а според гледаноста се наоѓа позади сериите М*А*S*H, На здравје, Married... with Children, Сајнфелд, Home Improvement, Луд по тебе, Сексот и градот, Фрејзер и Пријатели, а пред Вил и Грејс и Кралот на Квинс.
Гледаност[уреди]
Американска гледаност по сезона, според рејтинзите на Нилсен.
| Сезона | Термин | Премиера | Финале | ТВ сезона | Рангирање | Гледачи (во милиони) |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Петок во 20:30 | 13 септември, 1996 | 7 април, 1997 | 1996-1997 | #82 | 10.6 |
| 2 | Понеделник 20:30 | 22 септември, 1997 | 18 мај, 1998 | 1997-1998 | #30 | 13.3 |
| 3 | Понеделник 21:00 | 21 септември, 1998 | 24 мај, 1999 | 1998-1999 | #11 | 15.5 |
| 4 | 20 септември, 1999 | 22 мај, 2000 | 1999-2000 | #12 | 17.1 | |
| 5 | 2 октомври, 2000 | 21 мај, 2001 | 2000-2001 | #5 | 19.1 | |
| 6 | 24 септември, 2001 | 13 мај, 2002 | 2001-2002 | #4 | 20.0 | |
| 7 | 23 септември, 2002 | 19 мај, 2003 | 2002-2003 | #7 | 18.6 | |
| 8 | 22 септември, 2003 | 24 мај, 2004 | 2003-2004 | #10 | 17.4 | |
| 9 | September 20, 2004 | May 16, 2005 | 2004-2005 | #10 | 17.4 |
Глумците по Сите го сакаат Рејмонд[уреди]
- Бред Герет моментално глуми во ситкомот До смрт.
- Патриша Хитон оваа есен ќе глуми во нов ситком Пак до тебе (Back to you), заедно со Келси Грамер, ѕвездата од Фрејзер.
- Питер Бојл почина од срцева болест на 12 декември 2006.
