Сисој Велики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Сисој пред гробницата на Александар Македонски (фреска во манастирот Варлаама, на Метеора)
Савина чешма — света вода и параклис посветен на св. Сисој во Катланово

Сисој Велики († 429) е христијански светец, испосник, следбеник на Антониј Велики. Поменот во Православната Црква се означува на 6 јули (според јулијанскиот календар).

Животопис[уреди | уреди извор]

Сисој е родум од Мисир (денешен Египет) и бил ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се населил на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Можел да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизувал шеесет години во пустината и се смета дека бил како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнувале барајќи поука. Пред смртта лицето му заблескало како сонце. Монасите стоеле околу него и ѝ се восхитувале на оваа појава. А кога светителот ја испуштил душата, одајата се исполнила со прекрасно благоухание. Се упокоил во длабока старост, во 429 година.

„Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“[1]

.

Сисој и Александар Македонски[уреди | уреди извор]

Според преданието Св. Сисој еднаш, во пустината, го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел се ужаснал и рекол: „Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“... И го затворил гробот и никому не му го покажал.

Наводи[уреди | уреди извор]