Синклитикија Александриска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синклитикија Александриска
Роден(а) Македонија
Умрел(а) 350, Александрија
Почитуван(а) во Православие
Слава 5 јануари

Синклитикија Александриска е христијански светец по потекло од Македонија. Во продолжение на нејзиното житие свети Атанасиј ја споменува Македонија како земја на нејзиното потекло. Тој пишува дека семејството на света Синклитикија се преселило од Македонија во египетскиот град Александрија, кој бил основан од Александар Македонски[1].

Света Синклитикија имала уште една сестра и двајца браќа, но едниот брат умрел како дете, а другиот на 25 годишна возраст, непосредно пред својата свадба.

Какo бoгата и углeдна дeвoјка имала мнoгу дoдвoрувачи кoи ја баралe, нo таа ситe ги oдбила и сe oддалeчила oд рoдитeлската куќа, oтишла вo манастир. Вo најгoлeма вoздржанoст, бдeeњe и мoлитвап oживeала дo 80 гoдина. Нeјзинитe пoуки за мoнахињитe oд сeкoгаш сe смeтани какo духoвeн бисeр, бидeјќи oваа правeдничка нe дoшла дo висoката мудрoст прeку книги, туку прeку страдањe, мака, дeнoнoќнo размислувањe и духoвнo oпштeњe сo вoзвишeниoт бoжeствeн свeт. Починала вo 350 гoдина. Св. Синклитикија, пoмeѓу oстанатoтo, гoвoрeла: “...акo e врeмe на пoст, нeмoј да сe oткажуваш oд пoстoт, иакo си бoлeн, бидeјќи, eвe, и тиe штo нeпoстат, страдаат oд иста бoлeст”. Уштe вeлeла: “Какo штo oткриeнoтo бoгатствo брзo сe разграбува,така и дoбрoдeтeлта кoга сe разгласува, сe пoмрачува и сe губи[2].

За животот на света Синклитикија постојат повеќе податоци благодарение на свети Атанасиј Велики (293 - 373 година), кој го запишал нејзиното житие. Ова житие е застапено во книгата со негови дела објавена во Мигна 1488 година. Посебна вредност во ова житие имаат зачуваните мудри мисли и поуки што света Синклитикија ги упатувала до христијаните. Откако починале нејзините родители, света Синклитикија ја зела со себе и својата сестра, која била слепа. Тие се населиле надвор од градот, откако претходно го распродале целото свое богатство, а парите им ги раздале на сиромашните. Тогаш света Синклитикија си ја исекла косата со што го симнала од себе и последниот женски украс. Така таа била целосно подготвена да се подвизува, иако уште во својот дом била навикната на подвизи[3].

Нејзиниот празник се слави на 5 јануари (стар стил), односно на 18 јануари (нов стил).

Наводи[уреди]

  1. Во житието читаме:"Оваа света именичка на небесниот совет потекнуваше од македонската земја. Нејзините предци, откако слушнале за Богољубието и Христољубието на Александријците, тргнале од Македонија во градот на Александар Македонецот. Откако стигнале во земјата александриска, виделе дека стварноста таму е многу подобра отколку што се зборувало и затоа со радост останале таму да живеат. Но, тие не се радувале на многубројниот народ, ниту на големината на тамошните градби, туку се радувале затоа што таму нашле цврста и единствена вера, заедно со искрена љубов, па затоа својата нова татковина ја ставиле пред првата"
  2. „Охридски пролог“ стр. 6
  3. http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce463/Tekst44.htm