Синајски леопард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синајски леопард
Заштитен статус

Критично загрозен, можеби изумрен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. jarvisi
Триномен назив
Panthera pardus jarvisi
Pocock, 1932

Синајскиот леопард (Panthera pardus jarvisi) е популација на леопарди кои живеат на Синајскиот полуостров и планините околу градот Еилат. Опишан е како посебен подвид на леопард, но според последните генетски анализи овој леопард е всушност дел од подвидот Персиски леопард (Panthera pardus saxicolor)[1]. Синајскиот леопард е доста помал од африканскиот леопард и најчесто се храни со птици, глувци и дамани. Сепак, понекогаш се храни и со козорози и други помали домашни животни.

Во мај 2007 година, еден израелец фатил синајски леопард во неговата спална соба, додека животното ја бркало и сакало да ја изеде неговата мачка[2]. Ова докажува дека Синајскиот леопард сè уште не е изумрен во дивината.

Наводи[уреди]

  1. Miththapala, Sriyanie; Seidensticker, John; O'Brien, Stephen J. (Август 1996). „Phylogeographic Subspecies Recognition in Leopards (P. pardus): Molecular Genetic Variation.“. „Conservation Biology“ 10 (4): 1115–1132. doi:10.1046/j.1523-1739.1996.10041115.x. http://www.blackwell-synergy.com/links/doi/10.1046/j.1523-1739.1996.10041115.x. конс. 6 јуни 2008. 
  2. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3405509,00.html

Надворешни врски[уреди]