Силустани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Силустани
Sillustani
Sillustani (1).jpg
Област Пуно
Координати 15°43′16″ ЈГШ 70°09′30″ ЗГД / 

Силустани е археолошки локалитет во Перу во регионот Пуно. Локалитетот потекнува од периодот пред Инките и всушност е гробишта. Грбовите се изградени во вид на кули наречени чулпи. Гробиштата потекнуваат од Ајмарите и народот Кола. Во структурите се сместувале посмртните останки на цели семејства, иако се верува дека биле наменети само за богати лица. Голем дел од грбовите биле опустошени од крадци на гробови.[1]

Чулпи[уреди | уреди извор]

Еден од главните елементи на ајмарската култура е давањето почит на претците и токму поради тоа, а и поради изразување на врската меѓу смртта и животот, чулпите биле градени.[2] Внатрешноста на грбовите биле обликувани како женска матка и во гробот се ставале мумифицираните тела. Единствениот отвор на чулпата е кон исток, за што се верувало дека од таа страна сонцето се препораѓа од Мајката Земја.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stanish, Charles. Ancient Titicaca. University of Columbia Press. ISBN 0-520-23245-3. 
  2. „Chullpas“. http://cml.upenn.edu/tierrasajama/Sajama_English/hypo/chullpa.htm. конс. 19 март 2006. 
  3. „Sillustani“. http://www.putnamservice.com/jere/travel/peru/sillustani.htm. конс. 18 март 2006. 

Поврзано[уреди | уреди извор]