Сигнал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во областите на комуникации, процесирање на сигналот и во електротехниката, генерално, сигналот е различен во секое време или има просторно-различна количина.

Во физичкиот свет, било која мерлива количина низ времето или над просторот може да се земе како сигнал. Во рамките на комплексното општество, било која човечка информација или податок од компјутер, исто така, може да се земе како сигнал. Такви информации или податоци од компјутер( на пример, точките на екранот, измислувањето на мастилото со кое се пишува на лист хартија или зборовите што се вртат во главата кога се чита некоја книга) сите мора да бидат дел од системи кои постојат во физичкиот свет – било дали се од мртвата или живата природа.

И покрај комплексноста на ваквите системи, нивните влезови и излези често можат да се представат како едноставно мерливи количини низ времето и низ просторот. Во втората половина на 20-тиот век, електротехниката се поделила на неколку дисциплини, во областа на дизајн и анализа на физички сигнали и системи и од друга страна на функционално однесување и концептуална структура на сложените човечки и компјутерски системи. Овие инженерски дисциплини го воведоа патот во дизајнот, истражувањето и имплементацијата на системите кои ги користат предностите на сигналите како едноставно мерливи количини со цел да се олесни преносот, чувањето и имплементацијата на информациите.

Некои дефиниции[уреди]

Дефинициите специфично за потполињата се вообичаени. На пример, во информатичката теорија, сигналот е кодифицирана порака, која фактички е секвенца од делот во комуникацискиот канал што ја декодира пораката. Во контекст на обработка на сигналот, произволни бинарни податочни струи не се сметаат како сигнали, но само аналогните и дигиталните сигнали кои се претстава за аналогни физички количества. Во системот за комуникација, предавателот ја декодира пораката во сигнал, кој се спроведува до примачот преку комуникацискиот канал. На пример, зборовите “Марија имаше мала настинка” може да биде порака пренесена преку телефон. Телефонскиот предавател го претворува звукот електричен напонски сигнал. Потоа сигналот се пренесува до примачот (телефонот на другиот корисник) преку жици и примачот го реконвертира во звук.

Во телефонските мрежи, сигнализацијата, на пример заеднички канал за сигнализација се однесува на телефонски број и други дигитални контролни информации, повеќе, отколку на вистински звучен сигнал.

Дискретно временски и постојано временски сигнали[уреди]

Ако за еден сигнал, количината се дефинира само како дискретен збир од времиња, тогаш тој го нарекуваме дискретно временски. Постојаниот временски сигнал е било која реално вреднувана функција која е дефинирана за сите времиња во интервал t, кој најчесто е бесконечен временски интервал.

Аналогни и дигитални сигнали[уреди]

Помалку формално отколку теориските разлики кои ги спомнавме погоре, двата главни видови кои најчесто ги среќаваме во пракса се аналогните и дигиталните сигнали. Накусо, се разликува од дигиратлниот сигнал по тоа што малите флуктуации на сигналот се занемарливи.

Дискретизација[уреди]

Една од основните разлиќи помеѓу различните видови сигнали е меѓу постојаното и дискретното време. Во математичката апстракција, во доменот на континуирано работно време, сигналот е множество на реални броеви, а од доменот на дискретното време сигналот е збир на цели броеви. Што претставуваат овие броеви зависи од природата на сигналот.

Квантизација[уреди]

Ако сигналот се претстави како секвенца на броеви, не е возможно да се одреди произвонла прецизност на високо ниво – секој број во низата мора да има конечен број на цифри. Како резултат на тоа, вредноста на таквиот сигнал ќе биде ограничена и ќе припаѓа на конечно множество, со други зборови, ќе се квантува.

Примери на сигнали[уреди]

  1. 1 Движење – Движењето на честичките низ просторот може да се земе како сигнал или може да биде застапувано од сигнал.
  1. 2 Звук – Бидејќи звукот е вибрација од медиум (како воздухот на пример), звучниот сигнал ги поврзува притисочната вредност на секоја вредност на времето и три просторни координати.
  1. 3 Слика – Сликата се состои од осветлувачки или обоен сигнал, во функција на дводимензионална положба. 2Д слика може да има континуиран просторен домен, како во традиционалното фотографирање или сликање, или може да биде дискретизирана во просторот, како скенирана дигитална слика. Сликите во боја обично се претставени како комбинација на слики во три основни бои, така што сигналот е вреднуван векторски во трета димензија.
  1. 4 Видео – Видео сигналот е низа од слики. Една точка во видео се идентификува со својата дво-димензионална позиција и со времето во кое се јавува, така што видео сигналот има три-димензионален домен.

Ентропија[уреди]

Уште еден важен дел од сигналот е ентропијата или информациската содржина.

Надворешни врски[уреди]

http://www.melbourne.vic.gov.au/Signal/Pages/Signal.aspx

http://ese.wustl.edu/Research/Pages/Information.aspx

http://books.google.com/books?id=_WEwIH3B120C&printsec=frontcover&dq=signal+(information+theory)&vq=%22Signal+theory+and+processing%22&source=gbs_citations_module_r&cad=7#v=onepage&q=%22Signal%20theory%20and%20processing%22&f=false

http://www.wordiq.com/definition/Signal_(information_theory)

http://www.globalshiksha.com/content/signal-detection-theory-definition