Сибирски Стапици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мапа на Сибирските Стапици

Сибирските стапици (руски: Сибирские траппы Sibirskie trappi) формираат голем регион на вулкански карпи, познат како големa oгненa покраина, во рускиот регион на Сибир.

Една од најголемите и најтаинствените области каде што се излева базалт, Сибирските Стапици, покриваат над 300,000 км² на арктичката дивина. Околу 1,5 милиони км³ лава се излеале на Земјината површина во последните милион години. Не е сигурно дека тоа излевање дошло поради раздвојување, иако може да е последица на поместување на обвивката. Времето на создавањето на Сибирските Стапици се совпаѓа со периодот на изумирање во текот на перм и на тријас - најдолг преиод на изумирање во историјата на Земјата. Докажано е дека гасовите создадени во текот на таквите огромни ерупции можеле да влијаат врз глобалната клима, така што дошло до нарушување во синџирот на исхраната, како последица на штетните влијанија врз растењето на растенијата.