Сестерциј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сестерциј (лат. semis tertius или „четвртина денар“) во Римската Република претставувал сребрена монета со вредност од два и пол асови, со ознака IIS и просечна тежина од 1,13 гр. Сребрениот сестерциј бил воведен во 211 г. п.н.е. и бил кован кратко време до 207 го пр.н.е., а потоа неговото ковање повторно, за кратко, оживеало меѓу 49 и 44 г. п. н.е.

Во монетарниот систем на Римското царство, сестерциј претставува бронзена монета со вредност од четири асови и просечна тежина од 27,28 гр. Тој бил воведен во оптек со монетарната реформа на Октавијан Август во 23 г. п.н.е. и бил кован до средината на III век н.е.

Сестертиј од времето на Веспазијан