Сестертиус
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Сестертиј (лат. semis tertius или четвртина денар) во монетарниот систем на Римската Република претставува сребрена монета со вредност од два и пол асови, со ознака IIS и просечна тежина од 1,13 г. Сребрениот сестертиј бил воведен во 211 год. пр.н.е. и бил кован кратко време до 207 год пр.н.е., а потоа неговото ковање повторно, за кратко, оживеало меѓу 49 и 44 год. пр. н.е.
Во монетарниот систем на Римското Царство, сестертиј претставува бронзена монета со вредност од четири асови и просечна тежина од 27,28 г. Тој бил воведен во оптек со монетарната реформа на Октавијан Август во 23 год. пр.н.е. и бил кован до средината на III век н.е.
Сестертиј од времето на Веспазијан