Сериозен човек (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Сериозен човек (A Serious Man)“
Serious man.jpg
Официјален постер
Режирано од Браќата Коен
Продуцент Браќата Коен
Сценарист Сценарио: Браќата Коен
Настапуваат Мајкл Штулбарг
Ричард Кинд
Сара Ванер Леник
Музика Картел Бурвел
Дистрибутер Focus Features
Премиера 2 октомври 2009
Времетраење 105 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $7,000,000
Бруто заработка $8,183,000

Сeриозен човек (англиски: A Serious Man) е американски драмафилм од 2009 год. Премиерата во САД беше оддржана на 2 октомври. Филмот доживеа голем број на позитивни реакции како од публиката така и од критичарите.

Синопсис[уреди]

Новиот филм на браќата Коен е сместен во 1967 година, а приказната започнува кога Лари Гопник, професор по физика на еден мирен универзитет, дознава дека неговата сопруга Џудит го напушта поради еден од неговите колеги, Си Аблиман бидејќи смета дека тој многу повеќе и одговара од слабиот Лари. Невработениот брат на Лари, Артур, спие на каучот во дневната, син му Дени има проблем со дисциплината во новото училиште, а ќерка Сара му краде секој ден пари од паричникот за да заштеди за толку посакуваната операција на носот. И додека неговата сопруга и нејзиниот љубовник го уредуваат својот нов дом, а братот му станува се поголем товар, се појавува анонимно напишано на машина, за да ги саботира шансите на Лари за напредок работа. Во исто време една студентка се обидува да го поткупи за да добие преодна оцена на испитот и му се заканува дека ќе го тужи за навреда. Додека се обидува да воспостави рамнотежа во својот живот, Лари бара совет од три различни места. Со мешавината на црн хумор и лични теми, браќата Коен го направија својот најзрел, а можеби и најдобар филм досега, филм за кој допрва ќе се зборува.

Улоги[уреди]

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]